Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Секој четврти граѓанин е осигуран по основ лице без приходи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски: Секој четврти граѓанин е осигуран по основ лице без приходи
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Секој четврти граѓанин е осигуран по основ лице без приходи

Објавено April 21, 2026 18:27
Сподели
Сподели

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски истакнува дека системот во земјава е инклузивен, сеопфатен и насочен кон тоа ниту еден граѓанин да не остане без здравствено осигурување. Тој посочува дека државата, како социјална, обезбедува покривање и за лицата без приходи, додека истовремено се спроведуваат повеќе реформи за унапредување и модернизација на системот.

„Системот на здравствено осигурување е вклучителен и сеопфатен

Македонија е социјална држава и приоритет е ниту еден граѓанин да не биде оставен без здравствено осигурување.

Во моментов, во државата има 1.836.667 осигуреници. Дури 470.774 лица или секој четврти граѓанин (25%) се осигурани по основ „лица без приходи“. За сите оние кои не можат да се осигураат по ниеден друг основ, државата целосно ги покрива трошоците преку програма на Министерството за здравство.

Три промени во тек

Фонд за здравствено осигурување Македонија и други институции работат на унапредување на системот преку три процеси:

-Правични критериуми: Заедно со МФ, МЗ и УЈП, ги дефинираме критериумите за лицата без приходи, со посебен фокус на оние кои останале без работа и спречување на злоупотреби од „сивата економија“.

-Грижа за најмладите: Во соработка со УНИЦЕФ, се анализираат можностите за независно здравствено осигурување за сите деца до 18 години.

-Модернизација на пазарот на труд: МСПДМ подготвува ново законско решение за опфат на лицата со флексибилни форми на работен ангажман.

Остануваме посветени на пристапен и правичен здравствен систем, базиран на реални анализи и одржливи решенија“, вели Клековски. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина новинарката Гордана Дувњак
Следна Статија Почина Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка во МРТ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клековски: Најмногу тужби во јавното здравство има кај што е најниска продуктивноста

Најмногу тужби во јавното здравство има кај што е најниска продуктивноста. Ги повикуваме здравствените работници да се откажат од судските…

May 21, 2026
ЗДРАВЈЕ

Во Македонија задолжителна скрининг-програма за рак на дојка не постои и тоа е навистина проблем, велат од Здружението ХЕМА-ОНКО

Розов Пикник во чест на сите жени што се борат со ракот на дојка за поддршка на сите оние кои…

October 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Брз пораст на вирусот морбили во Јужна Каролина: Стотици во карантин

Државен епидемиолог посочи дека зголемувањето на случаите е резултат на патувањата за Денот на благодарноста и недостатокот од вакцинации

December 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Колку често треба да се менува сунѓерот за садови?

Сунѓерот за садови, иако неопходен во секоја кујна, претставува еден од најголемите извори на бактерии во домот. Истражувањата покажуваат дека…

August 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?