Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вработени во Кривичен примале мито за да издејствуваат ослободителна пресуда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Вработени во Кривичен примале мито за да издејствуваат ослободителна пресуда
ХРОНИКА

Вработени во Кривичен примале мито за да издејствуваат ослободителна пресуда

Објавено April 25, 2026 15:31
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредби за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание.

Осомничените – судски полицаец и доставувач од Основниот кривичен суд Скопје, во периодот од август 2025 година до 07.04.2026 година директно примиле награда во паричен износ од 500 евра и 60 000 денари од сведок, за посредување на судскиот полицаец во повисоките судови со цел да издејствува ослободителна пресуда.

Сведокот, кој поднел жалба против првостепена пресуда со која бил огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од една година, преку сосед стапил во контакт со осомничениот доставувач, кој го упатил кај судскиот полицаец како лице што може да посредува.

Судскиот полицаец кој бил претставен како лице кое долги години работи во судот и има контакти со судиите во сите степени, при што може да ургира пресудата да биде заменета со ослободителна. Убеден во неговото влијание, сведокот во текот на 2025 година на доставувачот му предал 500 евра со цел истите преку судскиот полицаец да бидат предадени на судија од Апелациониот суд Скопје кој би донел ослободителна пресуда.

Во текот на 2026 година, сведокот на осомничениот судски полицаец му исплатил 30 000 денари како награда за посредувањето. Откако Апелациониот суд Скопје ја потврдил првостепената пресуда, сведокот преку својот бранител поднел вонреден правен лек пред Врховниот суд на РСМ. На 07.04.2026 година сведокот на осомничениот полицаец му исплатил уште 30.000 денари како награда за наводно посредување пред судиите на Врховниот суд кои треба да одлучуваат во постапката.

Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување на мерка притвор, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог што беше делумно прифатен. Со решение на судот на осомничениот судски полицаец му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на доставувачот му е определен куќен притвор, за што предметниот обвинител незадоволен од одлуката на судијата достави жалба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата ќе купува сто нови амбулантни возила во вредност од 7,5 милиони евра
Следна Статија ДУИ: Гробиштата на Блаце не се место за казино

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Предложен притвор за битолчанец кој нападнал доктор, па потоа полицаец

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз…

July 1, 2025
ХРОНИКА

Пандов: Никој ништо не им смееше на групата од Диво насеље пред да дојдам, главни беа

Наркобосовите се ставени во глувчешка дупка, тие се тотално развластени, истакна Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции,…

February 4, 2025
ХРОНИКА

Полицијата во нова акција: Уапсени се доктори од Дерматологија и од ГОБ „8 Септември“

Полицијата, поточно оделот за организиран криминал при БЈБ во акција пладнево за истрага за нелегални медицински третмани и нерегистрирани препарати.…

April 23, 2026
ХРОНИКА

Контролор во ЈСП претепан од лице кое немало билет

На 12.01.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, С.А.(44) од Скопје пријавил дека во 19.02 часот на работното место како…

January 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?