Снимка од драматичниот момент кога американскиот претседател Доналд Трамп е итно извлечен од сцената за време на новинарската вечера во Вашингтон се шири на социјалните мрежи, откако внатре во хотелот „Вашингтон Хилтон“ одекнале истрели и настанала паника меѓу присутните.
Според информациите, Трамп и првата дама Меланија Трамп биле веднаш евакуирани откако се слушнале пукања во лобито на хотелот, каде се одржувала свеченоста. Припадниците на Тајната служба реагирале за секунди, оттурнувајќи ги функционерите од сцената и пренесувајќи ги на безбедно место.
President Trump and Vice President JD Vance were rushed off the stage after shots were fired at the White House Correspondents’ Dinner.#news pic.twitter.com/YQuG8gzTMf
— MS NOW (@MSNOWNews) April 26, 2026
Во метежот што настанал, Трамп во еден момент се сопнал и паднал, додека агентите го извлекувале, но бил брзо подигнат и продолжена била евакуацијата без дополнителни последици.
Гостите во салата, според сведоштва, панично барале засолниште, додека низ просторот одекнувале повици „останете долу“, а дел од присутните легнувале на подот или се криеле под масите.
