Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тајната служба на САД: „Кукавица се обиде да предизвика национална трагедија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Тајната служба на САД: „Кукавица се обиде да предизвика национална трагедија“
СВЕТ

Тајната служба на САД: „Кукавица се обиде да предизвика национална трагедија“

Објавено April 26, 2026 10:32
Сподели
Сподели

Американската Тајна служба на САД со остра реторика реагираше по синоќешниот вооружен напад на вечерата за новинари во Вашингтон, оценувајќи дека напаѓачот „се обидел да предизвика национална трагедија“, но бил спречен уште во првата фаза.

Во официјалното соопштение, заменик-директорот Метју Квин порача дека напаѓачот сериозно ја потценил подготвеноста на безбедносниот систем.

„Вечерва една кукавица се обиде да предизвика национална трагедија. Ги потцени заштитните способности на Тајната служба и беше запрен уште при првиот контакт“, се наведува во изјавата.

Квин нагласи дека инцидентот ја потврдил ефикасноста на таканаречената „слоевита безбедносна стратегија“, иако напаѓачот успеал да влезе во лобито на хотелот.

„Системот издржа, а напаѓачот го чекаа уште многу пречки. Силата на нашиот распоред беше очигледна. Тој налета на ѕид уште на првата точка“, изјави Квин.

Според него, дури и да продолжел понатаму, осомничениот немал реални шанси да стигне до американскиот претседател Доналд Трамп, поради повеќеслојниот систем на обезбедување.

Во соопштението беше упатена и благодарност до агентите и партнерските служби кои учествувале во интервенцијата.

„Бескрајно сум благодарен на храбрите мажи и жени од Тајната служба, како и на нашите ценети партнери од агенциите за спроведување на законот“, се наведува во изјавата.

Инцидентот повторно отвори прашања во јавноста за тоа како напаѓачот успеал да внесе оружје во хотелот „Вашингтон Хилтон“, и покрај високото ниво на обезбедување, додека истрагата за случајот продолжува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вработен во основно училиште силувал 14-годишно девојче во Гостивар
Следна Статија Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Почнува златното доба на Америка

Златното доба на Америка почнува токму сега, рече американскиот претседател, Доналд Трамп во своето инаугуративно обраќање. – Повторно ќе се…

January 20, 2025
СВЕТ

Руски државјанин со чеченско потекло планирал терористички напад во Берлин

18-годишен руски државјанин со чеченско потекло е уапсен под сомнение дека планирал политички мотивиран напад во Берлин, соопшти денеска германската…

February 21, 2025
СВЕТ

Пекинг откажа 700 летови поради бури и силни ветрови

Кинеските власти денеска откажаа речиси 700 летови и ги затворија сите паркови и голем број историски локации во Пекинг, поради…

April 12, 2025
СВЕТ

Како државите низ светот се справуваат со „белата чума“?

 Справувањето со „белата чума“ е глобален феномен кој не ја одминува ниту Македонија. Проблемот со демографската рецесија, за разлика од…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?