Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се намалува цената на дизелот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Се намалува цената на дизелот
ЕКОНОМИЈА

Се намалува цената на дизелот

Објавено April 27, 2026 13:38
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 20.4.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,268%, кај дизелот има намалување за 3,760%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,528% и кај мазутот има зголемување за 1,117%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0452%.

Од 28.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,656 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 ден/кг и сега ќе изнесува 46,656 ден/кг.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Врсничко насилство во Ѓорче Петров: Ученичка била горена со цигари, ја снимале со мобилен
Следна Статија Вајц: Во последната година не видовме напредок кај Македонија во спроведувањето на реформите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Потребно е предвремено пензионирање, наплата на социјалните придонеси, а не зголемување на пензиската граница

Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно загрижен од предлогот на Фискалниот совет за зголемување на пензискиот стаж за остварување…

December 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Просечната нето-плата во декември 46.889 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари и е повисока за 7,6 % во…

February 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Три големи инфраструктурни проекти пуштаме во употреба за неколку недели

За неколку недели пуштаме во употреба три големи капитални проекти. Првиот веќе го пуштивме во употреба, а тоа експресниот пат…

January 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Златото се приближува до 4.000 долари

Златото се искачи на уште едно рекордно високо ниво – близу 4.000 долари за унца – додека затворањето на американската…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?