Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најголем дел од загинатите во „Пулс“ починале од задушување со јаглерод моноксид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Најголем дел од загинатите во „Пулс“ починале од задушување со јаглерод моноксид
ХРОНИКА

Најголем дел од загинатите во „Пулс“ починале од задушување со јаглерод моноксид

Објавено April 28, 2026 13:42
Сподели
Сподели

Најголем дел од загинатите во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, починале од насилна смрт, како резултат на задушување од труење и интоксикација од јаглерод моноксид. Ова го констатирале обдукциските протоколи, односно наоди изготвени од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, што од страна на Обвинителството беа презентирани на денешното рочиште од судскиот процес за трагедијата, со што започна фазата на изведување на материјални докази.

Извештаите од Судска медицина за причините за смртта на настраданите ги презентираше обвинителката Наташа Сарамандова.

Додека ги наведуваше извештаите од Судска медицина како што се заведени по ознака и број, документите беа прикажувани на голем екран во судницата. Таа поединечно по име и презиме причините за смртта на секој од загинатите ги наведе според мислењето од извештаите на Судска медицина.

Околу 50 од нив, како што наведе обвинителката, починале од труење со јаглерод моноксид и нивната смрт била насилна. Четворица од жртвите, според обдукциските протоколи што ги презентира обвинителката, починале од притисок врз градниот кош. Тројца од жртвите го загубиле животот како резултат на недостаток на воздух и кислород во околната средина.

Додека обвинителката ги читаше извештаите и констатираните причини за смртта, меѓу родителите можеше да се слушне тивок плач. Обдукцијата на три од жртвите кои починале во текот на лекувањето, исто така, констатира насилна смрт, која настапила поради акутна слабост на белите дробови од интоксикација од јаглероден моноксид, а кај еден поради изгореници од трет степен на главата и телото.

Обвинителството изведе и писмен одговор од Судска медицина, за кој рече дека содржи одговори на прашања колкаво присуство во крв е смртоносно и колку брзо настапува смрт при задушување со јаглероден моноксид, потоа кои се специфични и неспецифични индикации и која е разликата меѓу задушување и труење со јаглероден моноксид, како и дали би биле спасени доколку биле подложени на кислородна терапија на местото на настанот и во болниците.

Обвинителството, исто така, предложи да биде повикано и сослушано вешто лице кое ќе даде одговор на сите дополнителни прашања кои произлегле или произлегуваат од обдукциското мислење.

„Ние за денеска бевме спремни за изведување на овие материјали докази. Знаеме дека и вас ќе ве интересираат прашањата кои ќе бидат дадени од вештото лице и затоа ќе ги дадеме во писмена форма пред Судот за да може да бидат поделени“,рече обвинителката Сарамандова.

Адвокати на одбраната реагираа на изведените докази на Обвинителството. Дел од адвокатите рекоа дека не бил изведен делот од обдукцијата во кој, според нив, се констатира дека значителен дел од жртвите вдишале водороден цијанид.

Инаку, судот на почетокот на рочиштето информира дека сè уште нема вратена информација за достапноста на едниот сведок, што требаше да биде сослушан денеска, додека за другите двајца сè уште не е завршено вештачењето за нивната подготвеност да сведочат, по што одлучи да се продолжи со изведување материјални докази.

Одбраната на почетокот се противеше на предлог за читање на нивните изјави бидејќи сведоците биле непосредни очевидци на околноста кој ги поставил, односно кој не ги поставил пиротехничките средства на бината критичната ноќ.

На почетокот на денешното рочиште одбраната на обвинетиот сопственик Дејан Јованов-Деко го повтори барањето ефективниот притвор да му биде заменет со куќен, поради влошената здравствена состојба. Бранителката на Јованов, адвокатката Ивана Коцевска, рече дека иако на рочиштето на 20 април го поднеле ова барање, по него сè уште не е одлучено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Повикани се 14 лица за случајот со насилство врз ученичка во Ѓорче Петров
Следна Статија За Филипче прашањето за златната виза во Дубаи билo „дефокус“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Без возачка дозвола возел над 100км/час, кривична пријава за скопјанец

Полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера во 12.48 часот на бул.„Александар Македонски” во…

March 23, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) МВР го расчисти случајот со видеото на кое 15-годишно девојче вперува пушка кон главата на својот помал брат

Од МВР денеска информираат дека е расветлен случајот од крушевско објавен на социјални мрежи. Од таму велат дека лицето е…

November 15, 2025
ХРОНИКА

Запленета поголема количина брендирана стока без документација, лишено од слобода едно лице

Полицијата заплени поголема количина брендирана стока без соодветна документација и приведе едно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи. На 01.08.2025…

August 2, 2025
ХРОНИКА

Одложено судењето за убиството на кучето Феликс

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за кучето Феликс кое поради тешки повреди нанесени од двајца соизвршители…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?