Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Делегации им оддадоа почит на загинатите бранители кај Вејце
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Делегации им оддадоа почит на загинатите бранители кај Вејце
МАКЕДОНИЈА

Делегации им оддадоа почит на загинатите бранители кај Вејце

Објавено April 28, 2026 18:57
Сподели
Сподели

Со минута молк, полагање цвеќе и пригодна комеморативна програма, денеска беше одбележана 25-годишнината од масакрот кај Вејце, во кој на 28 април 2001 година се убиени осум припадници на македонските безбедносни сили. Комеморацијата, во организација на Одборот на бранителите, се одржа на местото Бреза, меѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина, каде што во 2001 година во заседа беа нападнати и убиени припадници на Армијата и полицијата.

Пред спомен-плочата со имињата на загинатите цвеќе положија претставници на Одборот на бранителите, Министерството за одбрана, Армијата, Министерството за внатрешни работи, политички партии, здруженија на бранители, припадници на безбедносните сили, навивачки групи и граѓани.

Претседателот на Одборот на бранителите, Марин Најдов, во обраќањето истакна дека и по 25 години местото останува нем сведок на еден од најтешките злосторства од конфликтот во 2001 година.

„На овој ден, во доцните попладневни часови, со однапред подготвена заседа беа нападнати и ѕверски убиени осуммина бранители од патролата. Денеска сме тука да им оддадеме почит на оние кои со својата жртва се вградија во поновата историја на Македонија. Тие ни оставија аманет да ја чуваме Македонија и да ја градиме како попросперитетна држава за сите што живеат во неа“,рече Најдов.

Според него, и по четврт век остануваат отворени прашања за тоа што точно се случило, додавајќи дека конечниот одговор ќе го даде историјата.

„Едно е сигурно – врз осумте убиени бранители беше извршен еден од најсуровите злосторства во 2001 година. Ваков чин не е забележан на друго место во тој конфликт. И по 25 години, овде сè уште нема соодветно обележје што ќе сведочи за нивната жртва. Се надеваме дека еден ден правдата ќе биде задоволена“,кажа тој.

Во масакрот кај Вејце, на 28 април 2001 година, загинаа четворица припадници на армиската единица „Волк“ и четворица припадници на полицијата од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Битола: Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oбединетите Арапски Емирати изглегуваат од ОПЕК
Следна Статија (ВИДЕО) Извадил палестинско знаме на натпревар: Полицијата го уапси претседателот на подмладокот на Левица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нема нафта, нема автобуси – градскиот превоз го достигна дното

Проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

150 години од раѓањето на великанот Крсте Петков Мисирков

На 18 ноевмри во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист,…

November 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не сум задоволен од испораката на правдата на судството и обвинителството

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Објектив“ на Македонската телевизија вели дека не…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анкета на ИПИС: За ВМРО-ДПМНЕ на парламентарни избори ќе гласаат 26 проценти, за СДСМ 9,8, Мицкоски со најголема доверба меѓу политичарите

Доколку следната недела има парламентарни избори за владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 26 проценти од граѓаните, а за опозицискста СДСМ 8,9…

December 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?