Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Штекли сега ќе биде на безбедно: Осуден е на осум години затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Штекли сега ќе биде на безбедно: Осуден е на осум години затвор
ХРОНИКА

Штекли сега ќе биде на безбедно: Осуден е на осум години затвор

Објавено April 29, 2026 14:23
Сподели
Сподели

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше објавена пресудата за предметот против Раде Трајковски–Штекли и уште четворица обвинети, поврзан со организирана криминална група за неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана.

Судот му изрече затворска казна од 8 години на Раде Трајковски Штекли, по пет години затвор добија Стефан Китанов, Александар Вучевски и Филип Таневски, додека на обвинетиот Стојан Миланов судот му изрече затворска казна од 3 години и 10 месеци.

Во изречените затворски казни на лицата им се пресметува и времето поминато во притвор.

Групата, според обвинението, дејствувала во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година и била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Обвинителството тврдеше дека првообвинетиот Раде Трајковски-Штекли се јавува како организатор и координатор, кој бил во контакт со лица од странство и домашни посредници за првична набавка на кокаин, давајќи насоки и упатства за проширување на мрежата.

Според доказите на Обвинителството, дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликации за заштитена комуникација, како „Снепчет“, а клучни докази биле обезбедени преку систем за анализа на мобилни телефони.

На почетокот на судскиот процес првообвинетиот Раде Трајковски-Штекли изјави дека не го разбира обвинението, а другите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновно.

Обвинението првично опфаќаше 16 лица, од кои некои веќе склучија спогодби и добија затворски казни, а за четворица обвинети постапката беше раздвоена по признавање на вината.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски: Времето ќе покаже кој ја кажувал вистината, парите од ЕУ се доказ на напредок
Следна Статија Koи се условите да се добие златна виза во Дубаи: Потребна е инвестиција од минимум 550.000 американски долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Фановите му одржаа концерт на Владо Јаневски (ФОТО)

Фановите синоќа се собраа на платото пред „Борис Трајковски“ да му оддатат почит на Владо Јаневски. Со свеќи во рацете…

July 1, 2026
ХРОНИКА

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа во Албанија

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Албанија во близина преминот Ќафасан, нешто по полноќ. Несреќата…

February 15, 2025
ХРОНИКА

Уапсени малолетници кои со автоматска пушка пукале во куќа во Тетово

На 29.05.2025 во 10.30 часот на регионалниот пат Тетово -Попова Шапка, на влез во с.Гајре, полициски службеници од СВР Тетово…

May 30, 2025
ХРОНИКА

Во Неготино уапсени крадци од Радовиш

На 18.02.2025 во 04:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода С. А(45) и С.…

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?