Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Немам ништо против употребата на албанскиот јазик, дури и се обидувам да го научам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Немам ништо против употребата на албанскиот јазик, дури и се обидувам да го научам
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Немам ништо против употребата на албанскиот јазик, дури и се обидувам да го научам

Објавено April 30, 2026 12:57
Сподели
Сподели

Немам ништо против употребата на албанскиот јазик, дури и се обидувам да го научам. Колку повеќе јазици знаете, толку сте побогати. Луѓето во 21 век на Марс се качија,  а вие се обидувате со ситен популизам, мислејќи дека ќе добиете некакви поени, а губите, мислите ќе направите нешто за вас и вашата партија, нема, тоа време заврши. Додека мене ме гледате тука, а јас вас ве гледам ви кажувам тоа време заврши. Ова е нова Македонија во која секој граѓанин придонесува и се труди за иднината на оваа земја, поеднакво, а не по етничка основа, туку поеднакво, сите сакаме да придонесеме со проект повеќе, со политика повеќе, со реформа повеќе, изјави премиерот Христијан Мицоски денеска, одговарајќи на прашањето на пратеникот Блерим Беџети од Европски фронт во врска со законот за употребата на јазици на денешната собраниска седница на пратенички прашања.

Беџети упати прашање до премиерот во однос на законот за јазици, односно рече дека Венецијанската комисија изнесува минимални стандарди, а не максимални граници и дека државите имаат простор да градат понапредни модели и да ги унапредувааат правата. Исто така го обвини премиерот за манипулации и двојни стандарди во однос на тоа како ги користи и мислењата на Венецијанската комисија и одлуките на Уставниот суд.

-Никој нема ништо против користењето на јазиците во Македонија што ги употребуваат делови од народите на одредени територии или на целата територија, како што е случајот со албанскиот јазик. Ниту пак некој некогаш го спорел тоа. Вчера на гости беше претседателот на Швајцарската Конфедерација и додека тој зборуваше и се обраќаше на англиски јазик, во позадина преводот беше на македонски и на албански. Уставот вели дека единствен јазик во меѓународна употреба е македонскиот, па тоа не ни пречеше. Најмалку ни пречеше – дури и мојот говор и обраќање беа преведени на албански, па тоа не ми пречеше и нема да ми пречи. Затоа што никогаш нема да дозволам ситни души со ситни теми да играат на чувствата на граѓаните во Македонија, бидејќи јас сум претседател на Владата на сите граѓани – и на Македонците, и на Албанците, и на Турците, и на Србите, и на Власите, и на Ромите, и на Бошњаците и на сите останати – рече Мицкоски.

На Беџети му порача дека Венецијанската комисија зборува едно, а тој цитирал нешто сосема друго.

-Венецијанската комисија дава негативно мислење и препорака во своето мислење, во членот 102, да се напушти примената на двојазичноста во правосудниот систем и да се вратиме на Законот за јазици од 2008 година, тоа го вели Венецијанската комисија. Инаку, таа генерално дава позитивно мислење, но не дава мислење за уставноста на законот, туку дали е согласно меѓународното право. За уставноста одлучува Уставниот суд, кој во овој состав го избра вашето мнозинство. Ова парламентарно мнозинство се обидува да ги исправи недостатоците што ги оставија СДСМ и ДУИ како Влада и да ги коригира – рече Мицкоски.

Нагласи дека ова парламентарно мнозинство нема да им дозволи да си играат со чувствата на граѓаните и додаде дека тие тоа го препознаваат и ќе го кажат својот став на следните парламентарни избори.

-Немам ништо против употребата на албанскиот јазик, ниту против тоа дел од турскиот народ да го користи турскиот, српскиот и останатите јазици. Но она што треба вистински да си го поставиме како прашање е зошто континуирано мислите дека оваа политика, која ви донесе негативни резултати, ќе ви донесе позитивни, нагласи Мицкоски. а

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Симеоне му мафташе на судијата додека го гледаше варот (ВИДЕО)
Следна Статија Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

До Државната изборна комисија (ДИК) во предвидениот рок (три дена од распишување на изборите) за платено политичко рекламирање за локалните…

August 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Стабилно буџетирање, инвестирање во модернизација и опремување во човечки капацитет- трите приоритетни столба на МО и Армијата

Стабилното буџетирање, инвестирање во модернизацијата и опремување во човечкиот капацитет се трите столба кои се од приоритетно значење на Министерството…

December 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети, Мицкоски најавува екипирање на одборите за акредитација и евалуација

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека не е задоволен од состојбата во која се наоѓа образованието,…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски – Варнс: Заедничка заложба за натамошно јакнење на односите меѓу Македонија и САД

Унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес биле темите за…

February 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?