Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дали сме навистина социјална држава, праша Сиљановска во честитката за 1 Мај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дали сме навистина социјална држава, праша Сиљановска во честитката за 1 Мај
МАКЕДОНИЈА

Дали сме навистина социјална држава, праша Сиљановска во честитката за 1 Мај

Објавено May 1, 2026 11:06
Сподели
Сподели

Во својата честитка за празникот на трудот, 1 Мај, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова постави повеќе прашања кои се однесуваат на правата на работниците и подвлече дека синдикалното организирање е многу важно.

Во своите прашања наведени во честитката едно од најважните што ги поставува е „дали сме само уставно, или и во стварноста социјална држава?“

Во честитката Сиљановска ги поставува овие прашања:

„Дали ги почитуваме општо прифатените норми на меѓународното трудово право?; дали сме само уставно, или и во стварноста социјална држава?; дали социјалната правда е идеал или реалност?; дали работничкиот труд е соодветно вреднуван, односно дали работниците се правично наградени за работата и можат да напредуваат согласно знаењето и вложениот труд?; дали се безбедни и сигурни на работното место?; дали и зошто има случаи на присилна работа?; дали секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место?; дали секој вработен има право на платен дневен и неделен и годишен одмор?; каков е односот на колективните партнери кон колективните договори и правото на штрајк?“

На овие нејзини прашања одговорите најмалку може да ги дадат работниците и нивните здруженија, туку тоа треба да го направат властите и работодавачите и нивните комори.

Велејќи дека само задоволни работници може да бидат вредни и продуктивни, Сиљановска „синдикалното организирање, правото на протест и социјалниот дијалог се предуслови за рамнотежа меѓу економските интереси и социјалната правда“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична против поранешниот претседател на Стоматолошката комора
Следна Статија Измамник од Прилеп зел 88.000 евра од сопруг за наводно лекување на болна жена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ќе има нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на црни точки

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, беше гостин на трибина со наслов „Суштината на проблемот-Лоши закони или лоша примена?“, и…

February 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Од први октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври. Како што истакна Мицкоски по посетата на…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Возило излетало од автопатот Скопје–Велес, безбедно извлечени шест лица

Во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи вчера било пријавено…

May 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар Гевгелија

Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар Гевгелија и натпатникот на улица Железничка, во должина од 550 метри,…

December 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?