Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Првомајски протест на ССМ: „За плата се бориме – не се молиме“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Првомајски протест на ССМ: „За плата се бориме – не се молиме“
МАКЕДОНИЈА

Првомајски протест на ССМ: „За плата се бориме – не се молиме“

Објавено May 1, 2026 14:33
Сподели
Сподели

Под слоганот „За плата се бориме – не се молиме“ денеска во Скопје се одржа протест во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), на кој беа побарарани повисоки плати и подобри услови за работа.

Протестот стартуваше од Работничкиот дом на Сојузот на синдикатите на Македонија, продолжи пред републичкото Собранието, до Стопанската комора и заврши пред Владата.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов рече дека многу работници денеска и покрај тоа што не се задоволни од нивните плати, се плашат да се придружат на протестите, затоа што сметаат дека протестите се насочени кон некој.

– Денеска за жал 260 илјади работници живеат со плата под 600 евра, а само неколку илјади луѓе излегоа на протест за 1 Мај, рече Трендафилов.

Тој посочи дека „за жал, голем број работници денес гинат на своите работни места. Наутро заминуваат на работа, а навечер не се враќаат. И никој не презема ништо за нивна заштита“.

– Денеска е 1 Мај, денот кога работниците уште во далечната 1886 година излегле на улица и по цена на своите животи, за да ги заштитат своите работнички права, за да го скратат работниот ден од 12 часа на 8 и за да протесираат – потсети Трендафилов, повикувајќи да се почитуваат работничките права во државата.

Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат за образование и наука, се осврна на барањата што тие ги имаат.

– Први мај живее и ќе продолжи да живее сѐ додека има работници коишто се на висината на задачата и се борат за своите работнички права, ќе продолжи да живее сѐ додека има синдикати што не се контролирани од центрите на политичка моќ, а на тие што се – нека им служи на чест. Како независен синдикат за образование и наука, стоиме цврстно на нашите барања, а тоа е почитување на колективните договори, почитување на пресметката за плата согласно коефициентот помножен со минимална плата. Бараме во најбрз можен рок да започне почитување на колективните договори и достоинствено вреднување на трудот на вработените во секторот образование. Бараме достоинствена плата и достоинствено вреднување на трудот за вработените во детска заштита – изјави Гиевски.

Тој рече дека нема да се откажат од борбата.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска не учествуваше на протестот, со образложение дека решенијата треба да се бараат преку дијалог, а не на улица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Девојка нападната од поранешниот партнер
Следна Статија Николоски: Реализацијата на катната гаража во Oхрид е директен бенефит од законските измени што ги донесовме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Синот на пратеничката Коџаџику од ВЛЕН стана советник на директорот на М-НАВ

И синот на пратеничката Мерита Колчи-Коџаџику од ВЛЕН, Премтим Коџаџику, се вработи во Македонска навигација (М-НАВ) на советничко место на…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пожар во и околу фабриката за оружје и муниција во Самоков – експлодирале буриња со хемикалии

По повторното активирање на пожарот во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населбата Самоков во моментот…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Жените во руралните средини се столбот на заедницата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, на која се…

October 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?