Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четири пријави за семејно насилство, уапсени тројца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Четири пријави за семејно насилство, уапсени тројца
ХРОНИКА

Четири пријави за семејно насилство, уапсени тројца

Објавено May 3, 2026 20:41
Сподели
Сподели

МВР информира дека изминатото деноноќие се евидентирани четири пријави за семејно насилство и лишени се од слобода три лица.

Според МВР, доцна синоќа, во 01:30 часот, во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Д. (55) од Велес, кој престојува во Охрид, постапувајќи по пријава од неговата 21-годишна невенчана сопруга дека во домот во кој престојуваат во Охрид физички ја нападнал, а притоа го удрил и нивното бебе. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.05.2026 во 18:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишија од слобода 50-годишен маж од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од неговата 55-годишна сопруга, дека во семејниот дом физички ја нападнал. При извршени проверки, било констатирано дека И.Б. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,29 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 02.05.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Р.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна сопруга, дека во семејниот дом физички ја нападнал и упатил закани и и го оштетил мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

На 03.05.2026 во 00:20 часот во СВР Скопје, 26-годишна девојка од скопско пријави дека на 01.05.2026 околу 11:00 часот во семејниот дом во Скопје, по претходно недоразбирање со нејзината 54-годишна мајка, физички ја нападнала мајка си. Подоцна, според пријавеното, пријавителката била физички нападната од нејзиниот 24-годишен брат и нивната мајка.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вицегувернерката Митреска: Народната банка со сеопфатни пакет-мерки за стабилизирање на инфлацијата
Следна Статија Ова се пет знаци дека имате добар сопруг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обвинение за лицата кои организираа борби за кучиња во битолско

Покренато е обвинение против двајцата македонски државјани и еден грчки и еден косовски државјанин кои во битолското село Црнеец во…

November 8, 2025
ХРОНИКА

Семејството на Фросина се заблагодари до Пандов: „Ја враќате вербата дека државата конечно функционира“

Семејството на Фросина Кулакова која загина на пешачки премин на булеварот Партизански одреди пред пет дена, се заблагодари на раководството…

February 2, 2025
ХРОНИКА

Видевски во деновите кога се убиени Панче и Вања бил на работа и во седиштето на Десна, но докази нема

Бојан Манев адвокат на Боре Видевски по денешното рочиште повтори дека неговиот клиент треба да добие ослободителна пресуда бидејќи Обвинителството…

June 18, 2025
ХРОНИКА

Близначињата што починаа биле премрзнати, велат од прилепската болница

Близначињата новороденчиња што починаа вчера во Прилепско биле премрзнати, се вели во соопштението од прилепската Oпшта болница со проширена дејност…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?