Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра
ЕКОНОМИЈА

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра

Објавено May 12, 2026 13:05
Сподели
Сподели

Највисоката цена за станбен квадрат во првиот квартал од годинава е постигната во општина Кисела Вода, каде стан од 45 метри квадратни е продаден за 177.667 денари по метар квадратен, односно околу 2.888 евра. Ова го покажуваат најновите податоци од Извештајот на Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот јануари-март 2026 година.

И покрај високите поединечни цени, извештајот нотира значително намалување на активноста на пазарот. Бројот на продадени станови е намален за 27 проценти во споредба со претходниот квартал, а вкупната финансиска вредност на пазарот на недвижности изнесува 276,3 милиони евра, што е пад од 12,4%.

„Регистрирани се вкупно 7.757 трансакции (збир од купопродажби и закупи) и споредбено со четвртиот квартал од 2025 година, бележи пад од -16,4 проценти што укажува на намалена пазарна активност“, стои во извештајот.

Најголем број продадени станови се евидентирани во општина Аеродром (193), додека во Битола се продадени најмногу куќи (54). Во Центар се реализирани најмногу деловни простори, додека во Кочани доминира трговијата со земјоделско земјиште.

Интересно е што кај откупот на недвижности од државата е забележан раст од дури 175 проценти, додека кај новоградбите има остар пад од 32,3%. Во моментов, во Катастарот се запишани над 28.000 листови за предбележување, што значи дека голем број објекти се во фаза на градба и наскоро ќе излезат на пазарот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кокаинот го криеле во земја во Босилово, полицијата ја вадела дрогата со машини
Следна Статија „Авалон“ го носи Дејвид Гета во Скопје за 35 години независност на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Пренџов: Буџетската расправа треба да е дискусија за бројки и проекти, а не обид за подгревање на меѓуетнички тензии

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната расправа одржана во рамките на Комисијата за финансирање и Буџет во…

November 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почна со работа нафтоводот Солун – Скопје

На последниот ден од годината беше пуштен во функција нафтоводот Солун – Скопје, соопшти вчера извршниот директор на „Helleniq Energy“,…

January 13, 2026

Блекрок-овиот биткоин ETF доживува историски одлив на средства

Блекрок-овиотspot биткоин ETF забележува одлив на средства од 2,2 милијарди долари во ноември додека криптовалутата продолжува да паѓа

November 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

АЦВ објави повик за кофинансирање обуки на 27 пилоти

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) денеска објави Јавен повик за кофинансирање на обуки на кандидати за стекнување дозволи од областа на летачките…

July 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?