Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анестезиологот кој снимаше пациентки и ги објавуваше на ТикТок се враќа на работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Анестезиологот кој снимаше пациентки и ги објавуваше на ТикТок се враќа на работа
МАКЕДОНИЈА

Анестезиологот кој снимаше пациентки и ги објавуваше на ТикТок се враќа на работа

Објавено May 14, 2026 12:13
Сподели
Сподели

Три години по апсењето кое предизвика голема јавна реакција, анестезиологот Валтон Дервиши од Болницата во Тетово се очекува да се врати на работа, откако судовите го поништија решението за негово отстранување.

Тој беше уапсен, а потоа и осуден на 15 месеци затвор за неовластено снимање на пациенти и медицински персонал во одделението за гинекологија, како и за објавување на дел од материјалите на ТикТок.

Според подоцнежниот тек на судските постапки, првичната затворска казна и дисциплинските мерки биле изменети во поблаги процедури, додека дел од обвиненијата се преквалификувани по заверени изјави и нови судски одлуки.

Тоа влијаело Лекарската комора и судовите да констатираат дека нема доволна правна основа за трајно одземање на неговата лиценца.

Според Законот за работни односи, вработен може да добие отказ ако со правосилна одлука му е забранета дејноста или има изречено казна затвор подолга од шест месеци.

Во судските постапки ниту колегите, ниту сниманите пациентки не се приклучиле на кривичниот прогон, потврдува адвокатот на Клиниката во Тетово, Дарко Котески кој посочи дека последната надеж за преиспитување на институционалниот исход клиниката Тетово ја гледа во ревизија пред Врховниот суд кој засега се уште не постапил.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неандерталците биле способни да изведуваат стоматолошки интервенции
Следна Статија Во Битола убиена 31-годишна жена, сопругот лишен од слобода

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Ги решивме проблемите во ЗЕЛС, ќе ги решиме и во Скопје

Нема да дозволам никакви политички злоупотреби на ЗЕЛС. Политичките манипулации можат да имаат единствено негативен ефект врз граѓаните и нивниот…

November 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон!

Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал…

February 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Се работи на целосно автопатско поврзување на Битола-Скопје

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати министерот за транспорт Александар Николоски. Николоски истакна дека…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Изборот на новите министри на денешната седница на Собранието

Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?