Полицијата соопшти дека ги уапсила крадците на велосипед во Аеродром. Полицајците во средата, 13 мај, уапсиле двајца 22-годишници од Сарај по пријавата на А.С. дека во вторникот пред теретана му бил одземен велосипедот.

Лицата се идентификувани и приведени веднаш по добиената пријава и се преземени сите активности. Велосипедот е вратен на сопственикот, информира Министерството за внатрешни работи.
Претходно снимка од крадците кои сред бел ден го украле точакот беше споделена од граѓанин на социјалните мрежи.
