Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за лагите за Преспанскиот договор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за лагите за Преспанскиот договор
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за лагите за Преспанскиот договор

Објавено May 14, 2026 14:33
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати јавно барање за извинување од страна на премиерот Христијан Мицкоски и партијата ВМРО-ДПМНЕ. Според него, актуелната власт ги добила изборите со лажна теза дека Социјалдемократскиот сојуз е предавник на македонскиот идентитет.

Филипче посочи дека иако претходно ветувале поништување на Преспанскиот договор, сега функционерите на ВМРО-ДПМНЕ јавно го прифаќаат како чин кој го зачувува идентитетот.

„Јавно го повикувам Христијан Мицкоски, носителот на оваа измислена лажна кампања, да излезе и да им се извини на сите граѓани на Македонија. Барам извинување за изгубените години, за сите навреди што ги претрпеа оние што го поддржуваа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, изјави Филипче.

Лидерот на опозицијата нагласи дека Преспанскиот договор го гарантира македонскиот јазик и национален идентитет во целиот свет. Тој додаде дека сегашните министри и претседателката го користат уставното име на официјални средби, иако во кампањата тврделе дека никогаш нема да го изговорат.

Во однос на европскиот пат, Филипче истакна дека уставните измени не се ризик за идентитетот, туку прават јасна дистинкција меѓу македонскиот народ и бугарското малцинство. Тој заклучи дека СДСМ преговара со Европската Унија, а не со Бугарија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кај девет пациенти биле извршени непотребни операции на срце утврди комисијата составена од странски експерти
Следна Статија (ФОТО) Повторно отворена Народната канцеларија на претседателката во центарот на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг, СДС на раб на статистичка грешка

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека партијата…

March 31, 2026
ПОЛИТИКА

Хајредини: Сите „бомби“ за раководството и за функционерите на ДУИ се во сефот на Груби

Поранешниот министер за финансии и добар познавач на политиката во албанскиот политички блок, ја шокираше јавноста со тврдењето дека според…

February 25, 2025
ПОЛИТИКА

Лукаревска до Тошковски: Кој од власта ќе одговара што изгоре 20% од територијата на земјата во пожари?

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за внатрешни работи,…

July 31, 2025
ПОЛИТИКА

За Скопје поднесени 18 листи на кандидати за градоначалник и 20 листи за советници

По завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на општините и на Градот Скопје, во…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?