Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АД ЕСМ во ниту еден момент не била повикана во ОЈО ГОКК да даде исказ околу настанатата материјална штета за набавката на мазут во ТЕЦ Неготино
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АД ЕСМ во ниту еден момент не била повикана во ОЈО ГОКК да даде исказ околу настанатата материјална штета за набавката на мазут во ТЕЦ Неготино
МАКЕДОНИЈА

АД ЕСМ во ниту еден момент не била повикана во ОЈО ГОКК да даде исказ околу настанатата материјална штета за набавката на мазут во ТЕЦ Неготино

Објавено May 15, 2026 13:39
Сподели
Сподели

АД ЕСМ најостро и во целост ги отфрла наводите изнесени во денешното соопштение на политичката партија Левица. Станува збор за крајно невистинити, лажни и тенденциозни конструкции кои немаат допирна точка со реалноста, туку служат исклучиво за евтин политички маркетинг и манипулација со јавноста.

Најмногу зачудува фактот што Левица, во својата желба за собирање политички поени, си зема за право веќе да го затвори случајот кој сè уште е во тек. АД ЕСМ веднаш по објавувањето во медиумите на исходот од постапката во ОЈО ГОКК, формираше стручен правен тим кој интензивно работи на подготовка на Приговор до Вишо јавно обвинителство Скопје и барање за Контрола до Републичкото јавно обвинителство.

Компанијата тврди и истото ќе го потенцира во Приговорот – дека постапувачката обвинителка паушално го спровела вештачењето на
доказите од кривичната пријава и неосновано ги искривила исказите на инженерите пратени на барање на Обвинителството за да ги образложат од технички аспект механизмите на спроведување на спорната набавка, како изговор за прекин на постапката. Во овој контекст, јасно укажуваме дека лицата повикани во предистражната постапка не биле ниту овластени, ниту компетентни, а најмалку одговорни да даваат коментари за евентуална финансиска штета. Нивната улога согласно барањето на Обвинителката – била единствено да ги образложат техничките процеси при набавката на мазутот и реализацијата на планот за производство на електрична енергија во ТЕЦ Неготино.

Видно од наредбата за запирање на истражната постапка, на овластените технички лица од АД ЕСМ, иако некомпететни во економската област – не им било предочено ниту биле запознаени со вештиот наод и мислење во економската област, иако истиот бил составен пред распитот. На вкрстени прашања од правните застапници на осомничените за време на распитот, техничките лица на АД ЕСМ само констатирале дека вкупните количини на произведена ел. енергија заклучно со април 2023 год. – одговарала на потрошената количина мазут во ТЕЦ Неготино и во тој поглед техничките лица само констатирале дека не била нанесена штета врз планот за производство, без да се елаборира дали потрошената количина била согласно тендерските услови и договорот.

Токму тие технички искази сега се злоупотребуваат за спинување и правдање на Обвинителката дека наводно, Наредбата за запирање на постапката била резултат на изјавата од АД ЕСМ, дека немало настаната материјална штета. Со тоа всушност, Обвинителството го потврдува вештиот наод и мислење од економско-финансиска област, поклонувајќи верба на искази на некомпетентни лица во областа, наместо вештиот наод и мислење да го достави до АД ЕСМ како оштетена страна за да може Компанијата преку своите компетентни лица во областа – да се произнесе по истиот.

АД ЕСМ, како директно оштетена страна, во ниту еден момент не беше повикана од ОЈО ГОКК официјално да се произнесе врз основа на своите прецизни финансиски анализи, за реалната штета поради која и беше почната постапката. Напротив, направена е суштествена повредена на постапката бидејќи вештите наоди и мислења никогаш во текот на постапката не биле доставени до АД ЕСМ од страна на Обвинителството, туку биле доставени дури по запирање на постапката.

Од тука, срамен е обидот на Левица да гради политичка конструкција врз основа на паушални аргументи искористени како правдање од Обвинителството за стопираната постапка, да пласира дновно- популистички напади и обвинување кон раководството на Компанијата. Апелираме до сите политички субјекти да се воздржат од коментари и заклучоци, за предмет кој сè уште не е правно завршен. АД ЕСМ останува на линија на законот и со сите можни законски алатки ќе се бори за правда и надомест за претрпена финасиска штета. Очекуваме праведна разрешница на предметот, во најкраток можен рок по прифаќањето на нашиот Приговор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Манасков: Бараме оставка од министерката Јаневска и итна смена на директори поради насилството во училиштата
Следна Статија ЗНАМ: Дали Филипче и Заев имаат фирми регистрирани во Петрич, Бугарија?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нормализирано е снабдувањето со струја во делови од Скопје, пожарот во Вардариште под контрола

Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје, информираат вечерва од Електродистрибуција, откако поради пожар во неколку скопски…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Штрајк на контролорите на летање на 10 јули ако продолжи вработувањето на партиски кадри за советници, наместо да се примат нови контролори, инженери и меторолози

Синдикатот на контролорите на летање на Македонија упатил предупредувачко писмо до Управниот одбор на М-НАВ дека на 10 јули контролорите…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Берово -6 степени, еве колку е студено во другите македонски градови

Во Берово утрово е измерена најниска температура од -6 степени Целзиусови. Следат Прилеп со -4, -3 во Скопје-Петровец, Струмица, Демир…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос – предвидени се бројни состаноци за презентирање на можностите за инвестирање во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, учествува на 56. годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос,…

January 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?