Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Марш на ангелите во Виница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Марш на ангелите во Виница
МАКЕДОНИЈА

Марш на ангелите во Виница

Објавено May 16, 2026 12:14
Сподели
Сподели

Во Виница денеска за првпат ќе се одржи „Маршот на ангелите“, кој се организира во спомен на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, но и како израз на барање за вистина и правда, соопштија од Здружението за граѓани „16 март 2025“ на Фејсбук.

„Марш на ангелите“ ќе се одржи денеска во Виница, а ќе почне од плоштадот „Ангел Винички“. Собирот е закажан за 16:45 часот, а стартот на маршот е предвиден за 17:05 часот.

Организаторите велат дека маршот се одржува поради 63-те загинати, зад кои стојат прекинати животи, неостварени соништа и семејства што останале без свои блиски, додека над 500 повредени и преживеани секојдневно живеат со последиците и траумите од трагедијата.

„Маршираме затоа што за ваква трагедија не смее да постои симболична одговорност. Затоа што условна казна не е правда за 63 изгубени животи и стотици уништени семејства. Молчевме доволно. Сега зборуваат ангелите преку нас. Чекорат преку нас“,се вели во соопштението од Здружението на граѓани „16 март 2025“.

Оттаму додаваат и дека целта на маршот е да не се дозволи повторување на слични трагедии и да се обезбеди вистинска правда за жртвите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скандал во Србија: Полицајци палеле труп на мафијаш,нивниот шеф ги бришел снимките
Следна Статија Милошоски: Абази и Коларевиќ ги игнорирале извештаите на ДЗР во истрагата за „Мазут“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Лимани: Ја зголемуваме поддршката и инклузијата на ранливите категории граѓани

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска учествуваше на петата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Скопје втор на листата по најлош квалитет на воздух помеѓу главните градови во Европа

Главниот град на БиХ Сараево, е со најлош квалитет на воздухот за изминатата 2024 година на листата на главните градови…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Се враќаат 8 пациенти од лекување, 9 се пуштени од болниците во Скопје, 4 критични имаат подобрувања

Четворица пациенти кои вчера се вратија од Шпанија се испратени дома во одлична здравствена состојба, додека едниот пациент од Атина…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за донацијата од САД за бомбашкиот оддел на МВР: Стратешкото партнерство ја зајакнува безбедноста на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема обезбедена во соработка со…

February 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?