Автобус со прилепски регистарски ознаки се запалил попладнево на автопатот Велес–Скопје, кај наплатната станица Отовица.
-Сите патници навремено го напуштиле автобусот и нема повредени лица. На местото на настанот се упатени екипи на ТППЕ и полициски службеници од ПС за БПС Велес, информираат од МВР
Сообраќајот на овој патен правец е во прекин
