Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, денеска ќе има средба со претседателката Пирц Мусар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, денеска ќе има средба со претседателката Пирц Мусар
ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, денеска ќе има средба со претседателката Пирц Мусар

Објавено May 18, 2026 08:40
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација.

Во рамки на посетата Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Зоран Стевановиќ.

Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните.

Македонската претседателка, во рамки на посетата, вчера ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана и оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори.

Таа се сретна и со македонски иселеници кои работат во областа на науката, културата, медицината.

Претседателката Сиљановска-Давкова вчера попладнето одржа состанок со членовите на Македонско-словенечкиот бизнис клуб, додека вечерта во Крањ го посети Македонското културно друштво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е Света великомаченичка Ирина
Следна Статија Борисов праша: Каде ќе ја правевте Евровизија ако јас не ви ги изградев салите?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ТВ 24: Трајановски во Аеродром, Ацевски во Ѓорче Петров, Бузлевски јуниор во Ресен

Александар Трајановски поранешниот директор на ургентниот центар и актуелен член на ИО на СДСМ ќе биде кандидат на СДСМ за…

June 20, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче не сака предвремени парламентарни избори

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека неговата партија нема да биде алиби за одржување предвремени парламентарни избори и оцени…

June 21, 2026
ПОЛИТИКА

Герасимовски предложен за нов потпретседател на СДСМ

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ќе биде номиниран за нов потпретседател на СДСМ, соопшти лидерот на партијата Венко Филипче.…

July 2, 2026
ПОЛИТИКА

Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска нема да кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите дадена денеска по примопредавањето…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?