Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Водовод Скопје: Отплата на долгови без камата до 5 јуни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Водовод Скопје: Отплата на долгови без камата до 5 јуни
ЕКОНОМИЈА

Водовод Скопје: Отплата на долгови без камата до 5 јуни

Објавено May 18, 2026 16:31
Сподели
Сподели

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје ги повика граѓаните со заостанати обврски за потрошена вода да ја искористат можноста за отплата на долговите на рати без пресметка на камата, во рамки на тековната акција што трае до 5 јуни годинава.

Како што информираат од претпријатието, акцијата опфаќа плаќање на заостанати долгови, и тужени и редовни, без камата за задоцнето плаќање, а рокот за користење на поволноста истекува на 5 јуни 2026 година.

Од „Водовод и канализација“ апелираат до сите корисници со неплатени сметки да ја искористат можноста и да ги регулираат обврските под поволни услови, со цел олеснување на финансискиот товар и затворање на долговите без дополнителни трошоци.

Притоа, одлуката за отплата на долговите без пресметка на камата не се однесува на органите на државната и локалната власт, како и на другите институции од јавен интерес, вклучително агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од државата или од општините.

По истекот на рокот, односно по 5 јуни, одлуката престанува да важи.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таткото на обвинителката Коларевиќ е избран за државен правобранител во време на СДСМ, мајката за уставен судија
Следна Статија Се разговара за колективно решение за полесно минување на границите летово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска во Вруток: И покрај предизвиците Мавровскиот систем произведе 28% над планот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети Хидроелектраната Вруток, во рамки на нејзините заложби за редовна…

February 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се зголемува цената на бензините

Од полноќ горивата ќе се точат по нови цени. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат…

November 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце

Железничката пруга Куманово – Бељаковце, дел од Коридорот 8, денеска беше пуштена во употреба. Пругата е со должина од 30,8…

January 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во Дубаи има 52 регистрирани компании од Македонија

Стопанската комора на Дубаи денеска беше домаќин на делегацијата од Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Делегацијата на домаќинот беше…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?