Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Оперскиот пејач Ристе Велков е еден од четворицата загинати на скопската обиколница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Оперскиот пејач Ристе Велков е еден од четворицата загинати на скопската обиколница
ХРОНИКА

Оперскиот пејач Ристе Велков е еден од четворицата загинати на скопската обиколница

Објавено May 22, 2026 09:46
Сподели
Сподели

Баритонот и првенец на Националната опера и балет (НОБ) Ристе Велков е еден од четирите лица кои синоќа загинаа во сообраќајка на обиколницата во Скопје, потврдија од институцијата за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека синоќа во 23 часот во СВР Скопје е пријавено оти на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б. Б. (76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р. В. (51) од Скопје.

Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Од добиените повреди на местото на несреќата починал возачот Р. В. и сопатниците од неговото возило, А. В. (20) и П. М. (20) од Скопје и уште едно лице чиј идентитет засега е непознат. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција.

Исто така, по наредба на јавен обвинител возачот Б. Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

За време на вршење на увидот, односно во периодот од 23:10 до 05:00 часот сообраќајот е пренасочуван на патниот правец Тетово-Велес, кај клучка Приштина кон село Визбегово и Велес-Тетово кај клучка Мирковци. Во 05:00 часот сообраќајот е нормализиран.

Велков е роден е во 1975 во Скопје. Како реномиран солист–првенец на Националната опера и балет, тој претежно настапувал во белканто продукции, со што го заслужува и оправдува епитетот- италијански баритон со кадифена боја. Во текот на неговата кариера, Велков има реализирано 26 улоги. Во неговиот репертоар има остварено повеќе од 15 водечки улоги во опери како „Набуко“, „Риголето“, „Магбет“, „Травијата“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив
Следна Статија Филипче: Кој зборувал за коалиција со Мицкоски, ние не преговараме за фотелји

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Јовановски се брани: Тврди дека бил жртва на закани и уцени , обвинителството тврди дека е обид за манипулација

Во Основниот кривичен суд во Скопје, обвинетиот Стојанче Јовановски денеска даде исказ во кој изнесе своја верзија за односите со…

April 17, 2026
ХРОНИКА

Девојка нападната од поранешниот партнер

На 30.04.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје 23-годишна жена пријави дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната…

May 1, 2026
ХРОНИКА

Маж пронајден починат покрај опожарено товарно возило со приколка на автопатот Велес-Скопје

Педест и седум годишен скопјанец ноќеска бил пронајден починат покрај опожарено товарно возило со приколка на автопатот Велес-Скопје, на место…

March 15, 2025
ХРОНИКА

МНР чека потврда за Дејанчо, а ова се убиените во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?