Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 40-годишник ја грабнал и со тупаници ја удирал матурантка која се враќала од прослава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 40-годишник ја грабнал и со тупаници ја удирал матурантка која се враќала од прослава
ХРОНИКА

40-годишник ја грабнал и со тупаници ја удирал матурантка која се враќала од прослава

Објавено May 24, 2026 17:42
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство – Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – „телесна повреда“ и „противправно лишување од слобода“.

Осомничениот на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Додека оштетената се враќала од матурската прослава, ја пресретнал со автомобилот. Таа влегла внатре, по што осомничениот почнал да вози, ѝ го зел мобилниот телефон и не ѝ дозволувал да замине. Оштетената го молела да ја пушти да излезе и кога запреле на една локација, се обидела да го напушти возилото. Но, осомничениот тргнал по неа и започнал да ја удира. Ја внел повторно во автомобилот и продолжил да ја удира и со тупаници, предизвикувајќи ѝ телесна повреда и крварење од носот. Девојката успеала да се ослободи и од случаен минувач да побара помош – информира Обвинителството.

Имајќи ја предвид опасноста од бегство, фактот дека осомничениот и претходно се јавувал како сторител на насилство и други кривични дела и насилничкиот и контролирачки порив кон младата жртва, на што укажувал начинот на извршување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола, доставил предлог за определување мерка – притвор

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПОД КЛУЧ 40 ФИЛИЈАЛИ: „Креди Јес“ е фирмата за брзи кредити со одземена лиценца
Следна Статија (ФОТО) По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Двајца иселеници од Дебарско загинаа во сообраќајка во Италија

Во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Италија, животот го загубиле  двајца иселеници од Дебарско. Станува збор за…

March 26, 2025
ХРОНИКА

Акција во Скопје и Куманово – уапсени неколку лица, запленето поголемо количество амфетамин

По повеќемесечна предистражна постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи, во која беа применети…

July 3, 2025
ХРОНИКА

Бектеши доби нови 30 дена притвор: Постоела опасност од бегство и влијание на сведоци

Продолжен е притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, потврди за Република неговиот адвокат Еленко Миланов. Тој објасни дека му е одреден…

April 17, 2025
ХРОНИКА

Царината заплени тутунски производи, автоделови, ветеринарни лекови, девизи, облека

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари,…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?