Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Aтина не спиеше по победата на Олимпиакос во Евролигата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Aтина не спиеше по победата на Олимпиакос во Евролигата
СПОРТ

Aтина не спиеше по победата на Олимпиакос во Евролигата

Објавено May 25, 2026 12:23
Сподели
Сподели

Во текот на целата ноќ, се до раните утрински часови во атинското предградие Пиреас, но и во другите грчки градови се славеше четвртата европска титула на Олимпијакос, јави дописничката на МИА од Атина.

Навивачите на Олимпијакос, традиционално се собраа пред општинскиот театар во Пиреас, каде што беше поставена и сцена, ги пречекаа и поздравија играчите и заедно ја славеа победата над Реал Мадрид во Евролигата, прослава што заврши по 5 часот утрово.

Населбата на грчкиот тим беше обоена во црвено, во боите на Олимпијакос, а екипата стигна со отворен автобус, со пехарот што по 13 години се врати во Пиреас, по финале што се одигра во Атина, во салата на вечниот ривал Панатинаикос што не успеа да обезбеди место во Фајналфорот.

Со огномет, пиротехника и песната „Ние сме шампиони“, кошаркарите беа топло пречекани и поздравени од илјадниците навивачи што неколку часа трпеливо ги чекаа и славеа.

– Олимпијакос значи да е 5 часот наутро, а ти сè уште да си тука и да навиваш со сета сила на душата. Тоа е Олимпијакос, им порача на навивачите капитенот на Олимпијакос Костас Папаниколау.

Честитки до Олимпијакос за четвртата европска титула, веднаш по завршувањето на натпреварот упатија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, претседателот на земјата Константинос Тасулас, како и лидерите на сите политички партии, но и министрите од Владата.

Мицотакис на Икс напиша дека „врвот на Евролигата се обои во црвено-бела боја“, му честиташе на Олимпијакос за големиот успех и упати пофалба до сите оние што придонесоа „за одличната организација на Фајналфорот во Грција“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче преку Рубин Земон e во директна соработка со Виктор Стојанов
Следна Статија Ивановски: Делницата од Зелениково до главната железничка станица ќе биде во функција од септември

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Joкиќ останува во Денвер, ќе се прави шампионски тим

Елиминацијата во првото коло од плеј офот во НБА во екипата на Денвер отвори многу прашања за екипата. Тимот од…

May 4, 2026
СПОРТ

Нов малер на Нејмар, се повреди пред Светско

– Бразилскиот фудбалер Нејмар повторно се повреди, но најавите се дека ќе биде подготвен за подготовките за Светското првенство. Неговиот…

May 21, 2026
СПОРТ

(ФОТО) Омерагиќ се сретна со Чеферин на регионалниот собир во Сараево

Масар Омерагиќ како прв човек на македонската Фудбалска Федерација има свои обврски и надвор од нашите граници, па така претседателот…

March 4, 2025
СПОРТ

Елмас се повреди против Латвија, ќе паузира шест недели

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас поради повреда нема да игра фудбал до крајот на годината. Елмас се повреди повреди во средата,…

November 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?