Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Знам докази кои вие не ги знаете, ќе бидете шокирани“, вели министерот Тошковски за „Мазут“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > „Знам докази кои вие не ги знаете, ќе бидете шокирани“, вели министерот Тошковски за „Мазут“
ПОЛИТИКА

„Знам докази кои вие не ги знаете, ќе бидете шокирани“, вели министерот Тошковски за „Мазут“

Објавено May 26, 2026 08:35
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчеравечер во интервју за 360 Степени на МРТ 1 најави нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“.

И вие и јавноста за многу брзо ќе дознае зошто ова сум го кажал ова што сум го кажал – рече министерот, не изнесувајќи повеќе податоци.

Станува збор за истражната постапка која траеше повеќе од една година, сè до моментот кога пред две недели надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ одлучи да ја затвори поради недостаток на докази. Осомничени се 13 лица, меѓу кои бизнисмените Ратко Капушевски, Асмир Јахоски и Ерџан Сулкоски, екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, и други, за злоупотреба на службената положба и перење на пари.

Затоа што знам некои докази коишто вие не ги знаете. И не може да ги знаете. А јас ги знам заради тоа што морам да ги знам. И ќе бидете шокирани и Вие и целокупната македонска јавност кога ќе дојде време да бидете шокирани. Ама позитивно. И тврдам дека ќе дојде тој ден. Заради тоа што за вакви дејствија ако ние оставиме така да се затворат, тогаш јас не треба да го работам ова што го работам во моментов. Нити па било кој од тие коишто работат во рамки на Министерството за внатрешни работи и особено во Јавното обвинителство треба да се таму каде што се. Треба да си одат од таму. Треба да дојдат некои нови, ако за овој предмет со тие докази што јас ги имам видено лично, остане вака приказната каква што е – изјави министерот за внатрешни работи.

Тој рече дека е крајно разочаран од она коешто беше како чекор преземено од страна на Обвинителството.

И навистина сум крајно разочаран, крајно сум разочаран од она коешто беше како чекор преземено од страна на Јавното обвинителство не заради друго, заради тоа што овде има очигледна теорија на случај којашто можеби се граничи со теорија на заговор, како што кажавте и вие, од старт. Многу чудно зошто во овој временски период се случуваат токму овие работи поврзани токму со истиот ‘доминус литис’ во рамки на постапката. Многу чудно. Ќе каже времето зошто е тоа така. Јас не можам во оваа фаза да говорам повеќе – нагласи министерот.

На прашањето дали со ваквите изјави тој врши некој вид на притисок, Тошковски рече дека согласно она коешто го поседува, доказниот материјал, ова е најблагиот начин на којшто јас може да комуницира во јавност.

Поблаг од овој не познавам. Ова е најблагиот начин. А и вие и јавноста за многу брзо ќе дознае зошто ова сум го кажал, ова што сум го кажал. Во врска со затоворената истрага, државната компанија ЕСМ поднесе приговор до Вишото јавно обвинителство и барање за контрола до Републичкото јавно обвинителство. Јавната обвинителка Коларевиќ во повеќе наврати тврди дека истрагата е затворена, меѓу другото, и затоа што претставници на ЕСМ на записник изјавиле дека компанијата не претрпела штета од тендерите. Електрани, пак, тврдат – лицата биле пратени како претставници кои би објасниле технички аспекти, а не во име на менаџерскиоте тим да говорат за штета – додаде министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) СДСМ: Ова се лагите на Христијан Мицкоски
Следна Статија Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во посета на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДИК ги потврди новите градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги потврди имињата на Ваљбон Лимани и Исен Шабани од Национална алијанса за…

January 14, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ за одлуката за плаќање ДДВ за пратки под 22 евра од странство: До евтините пратки ли и дојде на власта?

Власта донела одлука од 1 ноември, граѓаните да мора да плаќаат ДДВ и за најмалите порачки од странство и тоа…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

Maкрадули: Партијата не е простор за тивки климања со глава

Поранешниот функционер на СДСМ, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов и отворениот судир во партијата, повикувајќи на…

March 18, 2026
ПОЛИТИКА

„Шокираната“ ДУИ кога била на власт се согласила дека поради злоупотреби„балансерот“ треба да се укине

По вчерашната одлука на Устаниот суд да ја укине алатката „балансер“ поради бројни злоупотреби реакциите претежно од албанската опозиција никако…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?