Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Харис вети поддршка за македонските идентитет и јазик, Трамп најави економска соработка и безбедност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Харис вети поддршка за македонските идентитет и јазик, Трамп најави економска соработка и безбедност
МАКЕДОНИЈА

Харис вети поддршка за македонските идентитет и јазик, Трамп најави економска соработка и безбедност

Објавено November 3, 2024 10:00
Сподели
Сподели

Доколку биде избрана за претседател на САД, потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кажа дека ќе ги штити правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонските идентитет и јазик, додека поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и безбедност на Западен Балкан ако тој победи на изборите во вторник.

И двете кампањи, за Гласот на Америка на македонски, најавија поддршка на демократските институции и борба против корупцијата во регионот.

„НАТО и ЕУ се базираат на заеднички демократски вредности, вклучувајќи силни, независни и одговорни институции. Нашите вредности, исто така, ги штитат и почитуваат правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонскиот идентитет – и да го зборуваат својот национален јазик, вклучително и македонскиот јазик. Потпретседателката Харис разбира колку се важни овие вредности за виталната македонско-американска заедница“, изјави портпарол на кампањата на Харис за Гласот на Америка на македонски.

Кампањата на Харис кажа дека корупцијата е клучен национален безбедносен интерес на САД.

„Потпретседателката Харис постојано се залага за унапредување на демократијата, владеење на правото и борбата против корупцијата. Корупцијата е клучен национален безбедносен интерес на САД, што е една од причините зошто потпретседателката Харис е целосно посветена на унапредување на евроатлантските аспирации на шесте земји од Западен Балкан“.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден на почетокот на мандатот најави борба против корупцијата, велејќи дека претставува закана за национална безбедност, не само во САД, туку и во цел свет.

Претседателот Џо Бајден во 2021 година потпиша извршна наредба, со која се предвиде блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуваат кон дестабилизација на Западен Балкан, за постапки кои, меѓу другото, вклучуваат корупција.

Кампањата на Трамп, пак, ја критикува надворешната политика на Бајден во однос на борбата против корупцијата и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, нарекувајќи ја „пасивна“.

„Надворешната политика на администрацијата на Бајден на Балканот е обележана со неактивност, празни ветувања и недостаток на посветеност за вистинско разбирање на уникатните предизвици на регионот. Наместо да се спроведуваат значајни економски и иницијативи за раст во земји како Грција, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија и Словенија, за поддршка на овие нации во нивната борба против корупцијата и интеграцијата во ЕУ, администрацијата на Бајден се одлучи за пасивен пристап. Овој недостаток на ангажман не само што го попречи економскиот напредок, туку и остави многу балкански држави да се чувствуваат занемарени и невреднувани додека тензиите вријат без соодветна интервенција“, изјави Христос Марафацос, заменик-претседавач со Националната коалиција за различности на претседателот Трамп за Гласот на Америка на македонски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите
Следна Статија ОВА Е ПРИЧИНАТА ЗА УРИВАЊЕ НА НАТСТРЕШНИЦАТА – ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР ДЕТАЛНО ОБЈАСНИ: Зошто паднаа потпорните столбови?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Единствено место за разрешување членови е во Судскиот совет

Факт е дека имаше проблеми во Судскиот совет, тоа можеше да го види целата јавност. Но, сепак мислам дека работите…

January 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство нека се јават на ОВОЈ БРОЈ- Ќе се обезбеди превоз и сместување

Службата за општи и заеднички работи при Владата изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страотната трагедија во Кочани…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат, полека се враќаат

Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат од државата, полека се враќаат, изјави попладнево премиерот…

December 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од тетовски Групчин порача дека голем број лични документи се сменети со новото…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?