Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР го уапси мажот кој ја нападна својата сопруга во скопски Центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР го уапси мажот кој ја нападна својата сопруга во скопски Центар
ХРОНИКА

МВР го уапси мажот кој ја нападна својата сопруга во скопски Центар

Објавено May 30, 2026 15:39
Сподели
Сподели

По објавите и информациите споделени на социјалните мрежи во врска со случај на семејно насилство, полициските службеници веднаш постапија и ги презедоа сите неопходни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и заштита на жртвите.

На 29.05.2026 година, околу 11:40 часот, во СВР Скопје од страна на очевидец било пријавено дека на подрачјето на Центар, машко лице физички ја нападнало својата сопруга. Веднаш по пријавата, полициските службеници презеле мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и заштита на жртвата. По преземените активности било утврдено дека лицата се од Велес, по што од страна на полициски службеници од СВР Велес биле преземени дополнителни мерки за негово пронаоѓање.

Откако лицето Џ.Б. (48) од Велес, заедно со неговата 43-годишна сопруга, се вратиле во нивниот дом, тој повторно извршил физички напад врз сопругата и нивната малолетна ќерка, при што им упатувал закани со остар предмет. Благодарение на брзата и координирана реакција на полициските службеници од СВР Скопје и СВР Велес, лицето во 21:00 часот било лишено од слобода. Остриот предмет бил пронајден и одземен, а сторителот бил задржан во полициска станица.

За настанот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Упатуваме апел до сите граѓани, доколку се сведоци или жртви на семејно насилство, истото веднаш да го пријават во полиција или до надлежните институции. Навременото пријавување овозможува брза реакција и соодветна заштита на жртвите, велат од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ХАОС НА ГРЧКА ГРАНИЦА: Автомобилите чекале два часа, автобусите повеќе од пет часа
Следна Статија Мечка нападна стадо овци кај село Крклино, битолско

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсени три лица осомничени за подметнување на пожарот во Прилеп

Лишени од слобода три лица во Прилеп за предизвикување на општа опасност по чл.288 од кривичен Законик На 25.09.2025 во…

September 25, 2025
ХРОНИКА

Пукање во Штип, двајца студенти од Турција се пресметале во кафуле

Вечерва имаше пукање на градскиот плоштад во Штип, објави „4 news.mk”. Според неофицијалните информации двајца студенти – државјани на Турција се…

May 8, 2025
ХРОНИКА

Гори Безистенот во Струга (ВИДЕО)

Гори Безистенот лоциран во центарот на Струга, во старото градско јадро. На терен се четири возила на Територијалната против пожарна…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Спасени четири лица откако им се скршил дел од едрилицата во Охридското езеро

На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?