Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во сирење со декларација од 20% млечна маст имало само 1%, утврдила контролата на АХВ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Во сирење со декларација од 20% млечна маст имало само 1%, утврдила контролата на АХВ
ЕКОНОМИЈА

Во сирење со декларација од 20% млечна маст имало само 1%, утврдила контролата на АХВ

Објавено May 31, 2026 12:07
Сподели
Сподели

Вонредните контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) открија сериозни отстапувања кај дел од млечните производи што се продаваат на домашниот пазар. Кај дел од анализираните примероци е утврдено дека реалниот процент на млечна маст е значително понизок од оној што бил наведен на декларацијата.

Во рамки на контролите биле земени 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз. Досега се комплетирани резултатите за 45 мостри млеко и млечни производи, додека анализите за сувомесните производи сè уште траат.

Според АХВ, кај 10 оператори биле утврдени неправилности во однос на квалитетот и означувањето на производите. Најдрастичен е случајот кај еден производител кај кој лабораториските анализи покажале дека ситно сирење, декларирано со 20 проценти млечна маст, всушност содржело само 1 процент. Поради измама на потрошувачите, на операторот му е изречена казна од 3.500 евра во денарска противвредност.

Кај уште осум производители и увозници биле утврдени разлики меѓу декларираниот и реалниот процент на млечна маст, поради што им се изречени парични казни од по 1.050 евра.

Дополнително, кај еден оператор било утврдено користење растителни, односно палмини масти во производ означен како млечен производ. За овој прекршок е изречена казна од 1.300 евра, а спорниот производ, во количина од 500 килограми, е повлечен од продажба и уништен.

Од АХВ најавуваат дека засилените инспекциски контроли кај производителите и увозниците на млечни производи ќе продолжат и во наредниот период.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата денеска ќе одржи вонредна седница за горивата
Следна Статија Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трговскиот суфицит на Кина достигна рекордни 1,2 трилиони долари

Извозот на Кина во декември значително ги надмина очекувањата, создавајќи рекордно висок годишен трговски суфицит

January 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Државата ќе дава 20 илјади евра за отворање бизнис и 3.000 денари плус на плата

Државата ќе дава 615 милиони денари за млади кои сакаат да започнат сопствен бизнис, 1,25 милиони денари за повратници од…

June 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на средба со сопственикот на „Фор-ај-џи (4iG)“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски во Давос се сретна со раководството на 4iG, компанијата која доби дозвола за трет мобилен оператор. Денот…

January 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејзбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка.…

November 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?