Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Калињак: Македонија неоправдано предолго чека пред вратите на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Калињак: Македонија неоправдано предолго чека пред вратите на ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Калињак: Македонија неоправдано предолго чека пред вратите на ЕУ

Објавено June 2, 2026 21:47
Сподели
Сподели

Во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак.

Вицепремиерот ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат.  Според него, ние сме неоправдано предолго во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, смета тој, треба да е заснован единствено на исполнувањето на Копенхашките критериуми.

Калињак го сподели своето позитивно искуство во соработката со македонските државни институции, изразувајќи подготвеност за натамошно унапредување во повеќе области, меѓу коишто и во одбраната.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство од принципиелниот став на Словачка во врска со проширувањето на Унијата. Таа укажа на ирационалноста на барањата и условите од идентитетски карактер, проследени со вето.

Обајцата се согласија дека билатералните прашања не смеат да бидат предмет на преговорите за членство во ЕУ.

Во пресрет на претстојниот Самит на НАТО во Анкара, соговорниците се осврнаа на безбедносната состојба во Европа. За нив, јакнењето на партнерството во НАТО останува клучен фактор за зачувување на регионалната стабилност и европската безбедност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кошта: Иднината на Македонија е во ЕУ, но уставните измени остануваат клучен услов
Следна Статија Државата ќе дава 20 илјади евра за отворање бизнис и 3.000 денари плус на плата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Амбасадорката на САД во посета на Уставниот суд: Поддршка за враќање на довербата во правната држава

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски остварил тет-а-тет средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер, по што…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Наставниците есенва ќе почнат со подготовка за проектот „Школи на 21 век“

Есенва ќе почне подготовката на наставниците за проектот „Школи на 21 век“ што треба да стартува од јануари 2026 година.…

September 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почна интервјуирањето на кандидатите за судија во ЕСЧП во Стразбур

Комисијата за избор на кандидати на Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП) денеска на состанок почна интервјуирање…

October 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лав 14 и на средба со италијанскиот претседател Матарела

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?