Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 2 до 7 јуни ќе спроведува засилени контроли за возачи на мотоцикли, мопеди и електрични тротинети, во рамки на акцијата во која како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, учествува заедно со уште 34 европски земји.

„Акциските активности се насочени кон откривање и санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли и е-тротинети како едни од најзагрозените учесници во сообраќајот во делот на користење на соодветна заштитна опрема, техничка исправност, право на управување и одговорно возење со почитување на сообраќајните правила и прописи, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди“,информираат од МВР, додавајќи дека сообраќајната полиција ќе презема засилени контроли со превентивно-репресивни мерки на патиштата низ целата држава.

Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот на почитување на сообраќајните правила.
