Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За 500 евра продале бебе на брачен пар што сакал да посвои
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > За 500 евра продале бебе на брачен пар што сакал да посвои
ХРОНИКА

За 500 евра продале бебе на брачен пар што сакал да посвои

Објавено June 4, 2026 11:19
Сподели
Сподели

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ф.А.(63), Ѓ.К.(57), И.Ш.(35), Џ.Ш.(35), сите од Скопје, како и против С.Ј.(35) од Куманово и И.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“.

Како што информираат од МВР, во текот на 2024 и 2025 година, Ф.А. и Ѓ.К. го извршиле делото по пат на незаконско посвојување на новородено бебе. Имено, Ф.А. користејќи ја својата положба на згрижувач на деца, воспоставила контакти со заинтересирани брачни парови, додека, Ѓ.К., по претходен нивен договор, а поради избегнување на процедурата за посвојување на деца согласно Законот за семејство, ја користела нивната бременост, тешка материјална и социјална состојба.

Имено, поради тоа што не можеле да се грижат за нивните новородени деца, ги доведувала родителите во заблуда и ги убедувала да реализираат за одреден паричен надомест и други бенефиции незаконско посвојување на нивното новородено бебе.

На тој начин успеале да ја убедат С.Ј., која живеела во вонбрачна заедница со нејзиниот невенчан сопруг И.А., за финансиска помош од 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи да реализираат незаконско посвојување на нивното новородено бебе.

По отпуст од болница, С.Ј. и нејзиното бебе биле прифатени од Ф.А. и превезени до нивниот дом каде пристигнале пријавените И.Ш. и Џ.Ш. и во својство на „посвоители“ го земале бебето и го однеле во својот дом.

Во врска со наведеното, на 17.10.2025 бил склучен договор за заем на 500 евра помеѓу Џ.Ш. како заемодавач и И.А. како заемопримач, кои истиот ден му биле исплатени на И.А. како надомест за незаконито посвојување на нивното бебе.

Од МВР посочија дека од судија на претходна постапка на лицата им е определена мерка домашен притвор

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Возач на комбе извршил полови дејствија врз малолетна патничка
Следна Статија Стефан Богоев доби 30-дневен притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Еве како изгледа играта поради која најмалку 11 деца од Скопје завршиле во болница

Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“,…

December 6, 2024
ХРОНИКА

Бремена малолетничка хоспитализирана со болки, приведена нејзината мајка

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство вчера е донесена малолетничка со породилни болки. Мајката на девојчето е приведена, а…

May 25, 2026
ХРОНИКА

Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(65) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз…

March 12, 2025
ХРОНИКА

Струмица: Автомобил удри во малолетници кои туркале возило, две девојчиња се тешко повредени

Несреќа се случи вчера на регионалниот пат во селото Баница, струмичко, кога автомобил управуван од В.С.(38) удрил во четири малолетни…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?