Денеска ќе зборуваме за проектот локални патишта, во кој што за две години, во периодот од јуни 2024 година до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините. Рехабилитирани се 96 улици со 72 општини, во вкупна должина од 72 километри, а во фаза на реконструкција се уште 31 километар патишта, што значи некоаде околу 103 километри патишта се рехабилитирани, изградени целосно нови, или во тек на изградба во овој момент со поддршка на ЗЕЛС и Светска банка, изјави денеска вицеремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Николоски најави најголема поддршка досега за одржување и подобрување на состојбата со хигиената на општините.
-Се купуваат 49 возила од различен тип, кои што треба да помогнат на градот Скопје и на останатите општини за подобрување на состојбата со хигиената, рече Николоски.
Вкупната вредност на возилата е од 4,2 милиони евра.
-Се купуваат 17 мултифункционални возила за урбано одржување на хигиена, со вкупна вредност од 1,6 милиони евра. Две мултифункционални возила за одржување на хигиена соо соодветни механизми со вредност од 283 илјади евра, 9 специјализирани камиони кои што се во вредност од 982 илјади евра, 21 машина за чистење на улици во вредност од 1,3 милиони евра, или вкупно за 4,2 милиони евра се купуваат 49 возила со поддршка на Светска банка што сериозно ќе помогне во подобрување на соистојбата со хигиената, појасни Николоски.
Ова е најголем инвестициски циклус во општините. Ќе продолжиме и во следниот период, веќе разговараме со Светска банка. Следната недела нивната мисија е тука за нови проекти кои што ќе бидат во насока на подобрување на состојбата во општините и секакко други проекти кој што заеднички ќе ги работиме, потенцираше вицепремиерот Николоски.
