Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Среќен роденден кралу“ – транспарент за Груби кај Мавровка, додека чека одлука за обвинение во куќен притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Среќен роденден кралу“ – транспарент за Груби кај Мавровка, додека чека одлука за обвинение во куќен притвор
МАКЕДОНИЈА

„Среќен роденден кралу“ – транспарент за Груби кај Мавровка, додека чека одлука за обвинение во куќен притвор

Објавено June 7, 2026 19:09
Сподели
Сподели

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби својот 49. роденден го дочека во куќен притвор, додека сè уште нема одлука дали против него ќе биде поднесено обвинение во предметот за Државна лотарија, во кој е осомничен за проневера на 8,2 милиони евра.

По повод роденденот, на социјалните мрежи му беа упатени честитки, а поддршка доби и на улица. На надвозникот кај Мавровка, во близина на плоштадот „Скендербег“, беше поставен транспарент со порака: „Среќен роденден кралу“, по што следуваше и пораката „Кралот е назад“.

Груби се врати во земјава по 14 месеци поминати во Косово, каде замина откако во декември 2024 година беше отворена истрага за случајот со Државна лотарија. Тој беше баран со меѓународна потерница, а по враќањето на граничен премин беше приведен и со лисици спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка.

Во притворската установа помина само неколку часа. Откако посочил дека не се чувствува безбедно во затворот, по проценки на надлежните институции и одлука на судија на претходна постапка, мерката притвор му беше заменета со куќен притвор.

Основното јавно обвинителство го сомничи за кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од Кривичниот законик. Истрагата е во тек, а обвинителството засега нема соопштено дали ќе биде поднесен обвинителен акт против поранешниот вицепремиер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Ако едно судење чини сто илјади евра, колку чини изгубена матурска вечер?“
Следна Статија (ВИДЕО) Трамп грубо прекина телевизиското интервју: Вие и вашиот медиум сте расипани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ

Во рамките на престојот во Лондон премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска. Остварена средба со…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од полноќ почнува изборниот молк за вториот круг

Вечерва на полноќ почнува изборниот молк за политичката кампања за Локалните избори 2025. Молкот, кој почнува вечерва во 0:01 часот,…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд поведе постапка за Методологијата за Пописот 2021

Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да поведе постапка за оспорените одредби од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бадниковите поворки – плод на побожност, а не „увезена традиција“

Во своја објава на социјалните мрежи, отец Бобан Митевски се осврнува на јавните реакции и толкувања поврзани со Бадник и…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?