Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инфлацијата во мај достигна 4,8%, поскапеле храната и транспортот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Инфлацијата во мај достигна 4,8%, поскапеле храната и транспортот
ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата во мај достигна 4,8%, поскапеле храната и транспортот

Објавено June 8, 2026 20:36
Сподели
Сподели

Трошоците на животот во мај годинава, во споредба со истиот месец минатата година, бележат зголемување од 4,8 проценти, додека цените на мало во истиот период бележат раст од 5,6 отсто.

Според официјалните податоци, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај, во однос на претходниот месец април, изнесува 0,6 проценти.

Во мај 2026 година, во споредба со април 2026 година, најголем раст на трошоците е забележан во секторот транспорт, каде зголемувањето изнесува 1,6 отсто. Пораст има и кај облеката и обувките, како и кај храната и безалкохолните пијалаци за 1,0 процент.

Статистиката бележи зголемување на трошоците и во групите рекреација, спорт и култура за 0,9 отсто, информации и комуникации за 0,7 проценти, како и кај рестораните и услугите за сместување за 0,5 отсто. Минимален раст од по 0,1 процент има кај здравствената заштита и домувањето, водата, струјата, гасот и другите горива.

Од друга страна, во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, намалување на трошоците на животот е евидентирано кај личната нега, социјалната заштита и разновидните стоки и услуги за 0,4 проценти, како и кај покуќнината, опремата и редовното одржување на домаќинствата за 0,1 отсто.

Трошоците на животот во групите за образовни услуги, осигурување и финансиски услуги, како и алкохолни пијалаци, тутун и наркотици останале на исто ниво како и во претходниот месец, додека цените на мало во мај во однос на април се зголемени за 0,8 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судење за „Пулс“: Хотели се контролирале, дискотеки не – Салиу го оспори својот потпис
Следна Статија Курти без мнозинство по изборите во Косово, ги повика сите партии на соработка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Занаетчиите против минимална плата од 600 евра: „Ова ризикува затворање на занаетчиските дуќани и отпуштања“

Зголемувањето на минималната плата ќе предизвика затворање на голем број занаетчиски дуќани и отпуштања на вработени, предупредува Занаетчиската комора. За…

February 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Вкупните депозити, на годишно ниво, во септември бележат раст од 13,2%, и се должи на растот на депозитите на двата…

October 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Вистинското прашање е до каде е проектот за Коридорот 8 во Албанија

Коридорот 8 за нас е важен исто како Коридорот 10 бидејќи мојот сон како претседател на Владата е Македонија да…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Култните скопски хотели „Бристол“ и „Јадран“ одат на продажба

„Бристол“ и „Јадран“, две стари скопски адреси што одамна не функционираат како хотели, одат на продажба откако Собранието на акционери…

May 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?