Во Струмица на 17 јуни, ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбележи роденденот на партијата. После него ќе почнат разговорите за реконструкција на Владата. Ова го најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
„Следната недела после роденденот на партијата кој ќе биде на 17 јуни во Струмица, ќе почнеме разговори со владините коалициони партнери околу реконструкција на Владата“, изјави Мицкоски.
Мицкоски го коментираше и ставот на опоизицката СДСМ, која вели дека Владата оди на избори затоа што се потрошени државни пари, но и останува на ставот дека не се потребни предвремени парламентарни избори.
„Не се мешам во нивната стратегија, само знам дека кога влегувате во втората половина од мандатот, логично е да сте подготвени за избори, без разлика дали се редовни или вонредни на барање на опозицијата. Таму има 3-4 лица кои држат прес-кофнеренции полни со невистини и навреди, најчесто кон мене. И сега кога имаат можност да се покажат на терен, да видат еве колку ефект имаат тие нивни невистини и навреди кон мене, тие едноставно бегаат. Тоа нема да биде првпат што го прави СДСМ. Тоа веќе во историјата многу пати го направила СДСМ – рече Мицкоски.
