Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јотова: Палењето на возилата е напад врз Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Јотова: Палењето на возилата е напад врз Бугарија
БАЛКАН

Јотова: Палењето на возилата е напад врз Бугарија

Објавено June 16, 2026 21:23
Сподели
Сподели

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, го осуди палењето на двете дипломатски возила пред Амбасадата на Бугарија во Скопје, оценувајќи го како без преседан инцидент. Таа изјави дека го доживува инцидентот како напад врз Бугарија.

– Без преседан инцидент. Палењето на дипломатски возила е напад врз бугарската држава, јас лично го гледам како напад врз Бугарија-рече Јотова.

Оваа изјава на бугарската претседателка доаѓа откако македонските власти, Владата и Министерството за надворешни работи, остро го осудија вандалскиот чин, а од вчера сторителот е уапсен.

Денеска и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, остро го осуди инцидентот, истакнувајќи дека насилството нема да биде дозволено и нема да се толерира.

– Лицето кое се сомничи за палењето на возилото е многу брзо идентификувано и обезбедено од МВР, во соработка со Агенцијата за национална безбедност, кои исто така беа вклучени во давање клучни информации за ова кривично дело. Според информациите што ги имам од началникот на СВР Скопје, сметам дека јавниот обвинител ќе го процесуира случајот по забрзана постапка, па во текот на денот ќе има соопштение од Обвинителството и Судот за понатамошните чекори“, рече Тошковски.

Во однос на мотивите за инцидентот, министерот рече дека во овој момент не може да сподели повеќе информации, но додаде дека постапката е во тек и се води согласно законските процедури.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните кај матичните ќе се изјаснуваат дали сакаат да бидат дaрители на органи по нивната смрт
Следна Статија Славески смета дека банкарските услуги треба да се бесплатни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Политико: Бугарија од 1. јануари 2026 година почнува да го користи еврото

Бугарија е на прагот да стане 21-та членка на еврозоната, откако Европската комисија и Европската централна банка (ЕЦБ) подготвуваат позитивна…

May 28, 2025
БАЛКАН

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Концертот на Томпсон во Загреб – рехабилитација на усташкиот режим

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЗ) објави критичка анализа за рекордниот концерт на Марко Перковиќ Томпсон во Загреб, во која…

July 7, 2025
БАЛКАН

Пленковиќ: ЕУ и Хрватска нема да воведат санкции за претставниците на Република Српска

Претседателот на ХДЗ и хрватски премиер Андреј Пленковиќ изјави дека е уверен оти ЕУ нема да воведе санкции за претставниците…

April 8, 2025
БАЛКАН

Девојче на околу двегодишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро

Девојче на околу двегодишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките…

July 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?