Полициски службеници денеска во Скопје лишиле од слобода 66-годишен државјанин на Бугарија, откако бил пријавен за вознемирување на жена на подрачјето на општина Аеродром.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 21 јуни 2026 година во 07:50 часот во Скопје бил приведен В.Н.(66) од Република Бугарија, постапувајќи по претходна пријава од 29-годишна жена.
Според пријавата, околу 06:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, мажот ја следел жената и се самозадоволувал пред неа.
