Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата утре ќе го разгледува ребалансот на Буџетот-се зголемува буџетскиот дефицит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Владата утре ќе го разгледува ребалансот на Буџетот-се зголемува буџетскиот дефицит
ЕКОНОМИЈА

Владата утре ќе го разгледува ребалансот на Буџетот-се зголемува буџетскиот дефицит

Објавено June 22, 2026 15:10
Сподели
Сподели

Ребалансот на Буџетот утре ќе се најде на дневен ред на редовната владина седница, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Според неа, предвидена е нагорна корекција на буџетскиот дефицит, но овојпат поради зголемени потреби за финансирање на капитални инвестиции.

Министерката посочи дека зголемувањето на дефицитот ќе биде насочено кон реализација на инфраструктурни проекти и други капитални расходи, што, како што истакна, е во согласност со законските одредби за управување со јавните финансии.

-Ќе имаме одредена корекција на буџетскиот дефицит нагоре и првпат тоа се случува како резултат на зголемени потреби за капитални инвестиции, а не за тековни трошоци- изјави Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека покрај расходната страна, ќе има и одредени корекции кај приходите, особено во делот на акцизите, како последица на мерките што Владата ги спроведуваше во изминатиот период за ублажување на ценовните шокови.

Според министерката, дополнителни средства ќе бидат обезбедени за инфраструктурни проекти, активности во Министерството за животна средина, како и за реализација на повеќе ИПА-проекти и програми финансирани со европска поддршка.

-Утре детално ќе информираме колку средства ќе добие секоја институција за капитални расходи- рече таа.

Осврнувајќи се на ефектите од мерките за намалување на ДДВ и акцизите, Димитриеска-Кочоска истакна дека приходите од акцизи ќе треба да бидат коригирани за околу 1,5 милијарди денари.

Сепак, нагласи дека пресметките не се едноставни бидејќи постојат и индиректни ефекти од мерките.

-Во изминатиот период Македонија имаше најниски цени на горивата во регионот, што привлече голем број возила со странски регистарски таблички да точат гориво кај нас. Тоа делумно го ублажи негативниот ефект врз буџетските приходи- објасни министерката.

Таа оцени дека без дополнителната потрошувачка од странски државјани, намалувањето на приходите од акцизи би било уште поголемо, но додаде дека мерките биле неопходни за поддршка на граѓаните и стопанството во услови на високи цени на енергенсите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија До 10.000 евра за сопствен бизнис: Oбјавен e огласот, a аплицирањето е до 3 јули
Следна Статија Украина ја нападна Москва со десетици дронови – руските напади одзедоа животи на цивили

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Поради ниската откупна цена, дел од јагнињата останаа непродадени

Сточарите од штипско и радовишко се жалат дека дел од јагнињата останале неоткупени. Причина е ниската откупна цена која ја…

March 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи

Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси…

May 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

Еднострано е раскината концесијата за „Пискупштина“ во Струга

На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата на последната седница еднострано ја раскина концесијата за рудникот…

October 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јанкоски: Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор

„Доколку добиете сомнителен повик, порака или е-пошта, првиот чекор е да го проверите изворот – дали навистина доаѓа од вашата…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?