Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти

Објавено June 23, 2026 10:12
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски објави на фејсбук дека вчера била одржана работна средба со претставници на најголемите трговски синџири во земјава, посветена на справување со инфлацијата и растот на цените на основните прехранбени производи.

Како што наведува во објавата, во наредниот период ќе следуваат средби и со добавувачите и производителите.

– Во наредниот период ќе следат средби и со добавувачите и производителите, со цел заеднички да придонесеме годишната инфлација и цените на основните производи во јули да останат под 3 проценти – стои во објавата на фејсбук.

Тој потенцира дека Владата останува посветена на спроведување мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување поголема економска сигурност.

Премиерот Мицкоски вчера во зијава за медиуми пред средбата во Владата упати порака оти кризата завршува и дека граѓаните биле толерантни, поради што, како што истакна, сега е на ред трговците и дистрибутерите да им се одолжат и да ги намалат цените на производите, посебно основните прехранбени производи.

– Оправдување и изговори не прифаќам, од типот „не ни ги качиле, не ни ги намалиле цените“ и слично. Доколку не се види реакција од страна на маркетите, дистрибутерите и производителите во следните денови, тогаш ние како Влада ќе реагираме, рече Мицкоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Франција ги победи и молљите и Ирак
Следна Статија Бугарска работа: Бугарија ја поставила плочата за Гоце Делчев во Баница без дозвола од локалните грчки власти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крогер планира да го постави Грег Форан, поранешен извршен директор на Walmart, за нов генерален директор

Cincinnati-базираниот супермаркет гигант Крогер наводно го назначува Грег Форан, 64-годишен поранешен извршен директор на Walmart, за негов нов генера

February 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Минималната плата в година се зголемува на 24.400 денари?

Според актуелните движења на параметрите со кои се формира минималната плата, таа следниот март во 2025 година се очекува да…

November 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека е подготвен за средба со синдикатот и потпишување на колективниот договор за државните службеници,…

February 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Досега најсилен раст во авиосообраќајот, воведовме 23 нови линии, имаме рекордна бројка на патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа…

February 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?