Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателката Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателката Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година

Објавено November 4, 2024 18:04
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на Eвропскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ во Солун, Грција.

Во своето обраќање на настанот, претседателката Сиљановска Давкова рече дека студирањето на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ во Солун, е вистински интелектуален и животен предизвик за секој млад човек решен да го продлабочи знаењето, да ги прошири видиците надвор од татковината, витешки да се натпреварува и да другарува со младите од различни држави и култури, да учи од еминентни професори, да се усовршува и облагородува.

„Продолжете ја мисијата на претседателот Трајковски во градењето на разбирање, пријателство, добрососедство и соработка, во случајов преку образовна, научна и културна дипломатија меѓу двете држави. Докажете дека образованието и знаењето зближуваат, а не делат“, истакна Претседателката.

На добитниците на стипендии, Претседателката им порача дека двојната диплома како круна на успешното студирање ќе ги направи посигурни во себе, ќе ја зголеми нивната самопочит и ќе им отвори многу врати за професионален ангажман и ќе ја поттикне образовната мобилност.

„Сигурна сум дека вашиот избор за стипендисти не е случаен, туку заслужен. Верувам и посакувам да бидете пример за идните студенти како што претседателот Трајковски беше и остана инспиративен пример на политички лидер со дигнитет, интегритет и духовна длабочина!“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Поздравувајќи ги стипендистите, министерката за образование и наука, Весна Јаневска истакна дека стипендијата „Борис Трајковски“ е добра можност студентите да добијат двојна диплома: од Универзитетот Јорк и од Универзитетот во Стразбур, а за време на студиските престои во Велика Британија, Франција и Грција да бидат дел од нови, динамични средини, да учат, но и да се дружат со млади кои доаѓаат од различни култури создавајќи трајни пријателства.

„Како држава ја поддржуваме образовната мобилност и политиките на Европската Унија за справување со одливот на мозоци, а Владата, преку мултиресорски пристап, креира мерки и активности за да се намали заминувањето на кадрите кои нам ни требаат“, нагласи министерката Јаневска.

Посакувајќи им добредојде на стипендистите на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ, директорот Јоанис Верверидис истакна дека извршната МБА е меѓународна програма, испорачана од меѓународни професори од висок калибар, чија цел е подобрување и развој на нивните лидерски и менаџерски вештини.

„Наша цел е да ви понудиме уникатно меѓународно образовно искуство што ќе ви овозможи да се остварите и да напредувате во глобалното опкружување и да направите разлика во општеството и економијата на вашата земја и на целиот регион, придонесувајќи за јавното добро“, нагласи директорот Верверидис.

Стипендиите „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус на извршната МБА програма се доделуваат од 2003 година и досега се доделени 297 стипендии. Доделувањето на овие стипендии е резултат на успешната соработка меѓу Претседателот, Министерството за образование и наука, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и СИТИ КОЛЕЏОТ во Солун. Годинешните стипендисти ќе се стекнат со две дипломи за мастер студии по деловна администрација и тоа од Универзитетот Јорк, Обединетото Кралство и од Универзитетот во Стразбур, Франција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество
Следна Статија ПИОМ е узурпиран и во катастрофална состојба со над 400 тужби од вработените и кривични против претходни директори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бог се јави- навистина се јави: Денеска е Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавен јавен оглас за избор на кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права

Во Службен весник денеска е објавен оглас за избор на кандидати од Република Македонија за судија во Европскиот суд за…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Битола во која загинаа три лица, се запалиле двете возила

МВР излезе со детали за тешката сообрќајна несреќа што се случи вчера на патот Прилеп-Битола, при што три лица загинаа,…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Од кај бе, Венко?“ му вели Боки за џипот, па му додава „Знам јас, од пликцињата што си ги делеше со струмичкото шлапатало“ (ВИДЕО)

Во видео посветено до Венко Филипче, Бојан Јовановски – Боки 13 го прашува лидерот на СДСМ и побратим на Зоран…

November 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?