Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска изјави дека македонско-бугарската историска комисија ќе даде резултати како што бара Европскиот парлемент само ако работи врз основа на факти, докази и аргументи и се тргне од стегите на политичкиот притисок кој го прави Бугарија.
„Ако се бара да кажеме дека Гоце Делчев е Бугарин нема да постигне резултати истириската комисија. Да се бара да кажеме дека Јане Сандански не бил Македонец бил Бугарин и се борел за некоја форма на македонска автономија, но во рамките на Бугарија, тоа се небулози и нереални состојби. Ако се бара да бегаме од реалноста што се случувала на ова територија за време на Втората светска војна, најверојатно нема да постигне резултати историската комисија. Не може да бегаме од реалноста, имаме различна историја но, како што велам јас, со различна меморија. Вештачки ги делиме двата народи со овој пристап којшто доаѓа од соседна Бугарија и тоа е аргументот кој ние им го даваме. Отворете го нашиот пат кон ЕУ, ќе видите како негативната енергија кон Бугарија ќе стане позитивна“, рече Муцунски.
