Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: “Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд за Иловица: Отворивте војна со народот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > “Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд за Иловица: Отворивте војна со народот
МАКЕДОНИЈА

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд за Иловица: Отворивте војна со народот

Објавено June 24, 2026 14:58
Сподели
Сподели

Граѓанската иницијатива „Здрава Котлина“ остро реагираше на одлуката на Вишиот управен суд со која се поништува одлуката за престанок на важноста на спојувањето на концесиите за рудникот Иловица, оценувајќи дека пресудата е донесена без соодветно образложение.

Во соопштение со наслов „Баравте војна – си добивте војна“, од иницијативата тврдат дека судот донел одлука „со никакво штуро образложение“ и посочуваат дека во пресудата, според нивното толкување, предметот повторно се враќа на одлучување во Владата.

Од „Здрава Котлина“ ја обвинуваат Владата дека не ја искористила можноста да поднесе приговор и дека дозволила да истечат роковите, а притоа сега се повикува на почитување на законите.

Во реакцијата повторно ги наведуваат своите долгогодишни забелешки за проектот Иловица, меѓу кои, како што велат, се поминати рокови, заложување на концесијата како колатерал, условите за експлоатација на рудата, користењето вода од браната Турија, како и потенцијалните еколошки последици од рударските активности.

Активистите поставуваат и прашања за најавените измени на Законот за минерални суровини и ги потсетуваат политичките чинители на ставовите и ветувањата што ги давале во периодот 2023–2024 година, кога се организираа протести против отворањето на рудникот.

„Нема да копате, а отворивте војна со народот“, порачуваат од „Здрава Котлина“, најавувајќи продолжување на отпорот против реализацијата на проектот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Талески за Тошковски: Од „брат да ми е ќе одговара“, две години никој не одговара
Следна Статија Бугарија сега бара да прифатиме дека Јане Сандански и Гоце Делчев се Бугари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска се одбележуваат 82 години од холокаустот на македонските Евреи

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во рамки на одбележувањето 82 години сеќавање…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во време кога Скопје се дави во ѓубре, што сработи синот на Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги од Комунална хигиена?

Што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги кои ги добива од Комунална хигиена, во време…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кадриу открива како Заев и Шеќеринска на рака им давале на Ленче, Гаврил, Лиле и Фатиме од СЈО материјали на рака без записник

Имавме кујна и еден ден отидов да си земам кафе. Излегувам од канцеларијата и ги гледам Зоран Заев и Шеќеринска,…

February 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова во црквата на македонската заедница во Стерлинг Хајтс, Мичиген: Татковината не може да се менува

Со посетата на македонската православна црква „Раѓањето на Пресвета Богородица“ во Стерлинг Хајтс, Мичиген и средбата со македонската заедница, претседателката…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?