Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон
СПОРТ

Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Објавено June 25, 2026 19:22
Сподели
Сподели

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва македонска тенисерка во поединечна конкуренција.

Ѓорческа попладнево во третото коло од квалификациите ја победи Лусија Бронцети од Италија со 2:0 во сетови (6-1, 6-2) за 73 минути игра.

До својот историски прв настап на грен слем турнир Ѓорческа дојде со три победи во квалификациите, откако претходно беше поуспешна од Шпанката Анхела Фита Болуда и Франциска Жорге од Португалија.

Денешната ривалка на Ѓорческа беше 20. носителка во квалификациите и 127. рангирана тенисерка на ВТА листата, 96 места погоре од македонската тенисерка.

Првиот сет и припадна убедливо на Ѓорческа со 6:1 во гемови, иако противничката го освои првиот гем со брејк, но потоа следуваше серија од шест гема за македонската тенисерка и сетот го доби за 31 минута.

На стартот од вториот сет по водството на Бронцети од 1:0, Ѓорческа во 2. гем спаси осум брејк топки и по 20 одиграни поени израмни на 1:1 во гемови, а потоа веднаш направи брејк за водство од 2:1 и предноста ја зголеми на 3:1. Во следните два гема немаше брејк и Ѓорческа ја задржа предноста од два гема – 4:2. Македонската тенисерка во седмиот гем направи уште еден брејк за водство од 5:2 и во следниот гем на свој сервис само ја потврди победата и пласманот на Вимблдон.

Извлекувањето на двојките за главниот турнир ќе се одржи утре.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дел од обиколницата кај Солун ќе биде затворен цел викенд
Следна Статија Димитриеска Кочоска: Прашањето за вториот пензиски фонд не е за мене

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Инфантино упати писмо со честитка до Омерагиќ

Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) испрати писмо со честитки до Масар Омерагиќ за неговиот избор за претседател…

December 24, 2024
СПОРТ

(ФОТО) Ноле со емотивна објава за пензионирањето на Надал

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал објави крај на својата блескава кариера. Целиот спортски свет испраќа пораки за пензионирање на еден…

October 10, 2024
СПОРТ

Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора

Прославениот српски кошаркар Владе Дивац е опериран, откако доживеа сообраќајната несреќа во четвртокот во Црна Гора, јавија претпладнево српските медиуми.…

June 20, 2025
СПОРТ

Роналдо влезе во вода на минус 8- снимката има 78 милиони прегледи (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо (39) се одмара во Финска. Тој сподели фотографии од Лапонија, фински регион во северна Европа. Таму го прослави…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?