Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче до Мицкоски: Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните дека потфрливте и дека ништо не исполнивте?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче до Мицкоски: Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните дека потфрливте и дека ништо не исполнивте?
ПОЛИТИКА

Филипче до Мицкоски: Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните дека потфрливте и дека ништо не исполнивте?

Објавено June 25, 2026 19:32
Сподели
Сподели

На собраниската седница, на која на дневен ред беше поставување пратенички прашања, Филипче го обвини премиерот затоа што по две години власт нема исполнето ниту едно од ветувањата дадено пред граѓаните.

Според него, по половина од мандатот, владејачкото мнозинство нема исполнето ниту 10 отсто од ветувањата содржани во изборната програма „1198“.

Филипче потсети на ветениот повисок животен стандард, ниската инфлација, растот на платите и европскиот напредок, за кои рече дека не се исполнети.

„Што добија граѓаните? Поскап живот, празни паричници, празни фрижидери, презадолжена држава, партизирани институции, тендери, лаги и изолација. Ни 10 отсто од ветеното во програмата нема исполнето. Само лаги, изолација и партиски тендери. Очигледно, тоа бил бројот 1198 и ништо друго“,рече лидерот на СДСМ.

Тој порача дека двегодишниот биланс на Владата може да се сумира со една бројка – нула.

„Една голема нула. Нула за реформи, нула за зголемување на платите, нула за мерки за младите, нула за европскиот пат. И сега моето прашање е просто: Кој е крив, премиере, за овие две изгубени години? Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните дека потфрливте и дека ништо од овие ветувања не исполнивте? Немојте да сум виновник јас или СДСМ“,порача Филипче.

Одговарајќи на прашањето, премиерот Христијан Мицкоски ги негираше тврдењата на опозицијата и го префрли фокусот на владеењето на правото и разочарувањето на граѓаните од претходната власт.

Тој даде објаснувања околу јавниот долг, номиналниот бруто-домашен производ, земјоделството, инфлацијата и направи споредба со времето на владеењето на СДСМ.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска Кочоска: Прашањето за вториот пензиски фонд не е за мене
Следна Статија Дискотеката почнала да работи, иако не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО како фирма со еден газда, велат од СДСМ

Христијан Мицкоски направи уште еден авторитарен чекор во ВМРО. Ги отстрани сите потпретседатели. Муцунски, Николовски, Мисајловски, Кочовска, сите се отстранети,…

February 8, 2026
ПОЛИТИКА

За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата…

May 5, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата

Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај а власта сѐ луксузира врз грбот на народот,…

February 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Изборот на новите министри на денешната седница на Собранието

Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?