Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Две години влада со инфраструктурен бум, нафтена и економска криза и спрвавување со последиците од она што го остави СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Две години влада со инфраструктурен бум, нафтена и економска криза и спрвавување со последиците од она што го остави СДСМ
Blog

Две години влада со инфраструктурен бум, нафтена и економска криза и спрвавување со последиците од она што го остави СДСМ

Објавено June 26, 2026 11:58
Сподели
Сподели

Двете години од владата на ВМРО-ДПМНЕ се одбележани по најголемиот инфраструкурен бум, работата на шест делници што никогаш не се случило, напредокот на пругата кон Бугарија, проблемот со владеењето на правото, како и со справувањето на последиците од нафтената и економска криза предизвикани од војната на Блискиот исток и тековната во Украина.

Contents
  • Уставни измени
  • Владеење на право
  • Цена на горивата

Иако многумина ќе речат дека ова не е доволно и дека можеше повеќе, не треба да се заборави каква девастирана држава остави СДСМ. речиси банкротирана и во подредена положба во однос на соседите, посебно кон Бугарија. Затоа ова влада има задача прво да ги доведе состојбите на внатрешен и надворешен план во нормала па дури потоа да се говори за некаков прогрес.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во отчетот по повод две години мандат вели дека во моментот има историска градба паралелно на шест автопатишта во Македонија.

Среќен сум што можам да кажам дека ние финансиски го затворивме Кичево – Охрид конечно, благодарение на еден синдикат креиран од домашните банки, откако не оставија на цедило, би рекол условно, кинеските заемодаватели. Финансиски за оваа година го затворивме, исто благодарение на домашните банки, проектот Коридор 8 и Коридор 10д. Сега бараме на меѓународен пазар следна недела во вторник ЈПДП ќе бара од надворешни заемодаватели сума рамковна за до крајот на проектот со што до крај ќе ги обезбедиме парите, истакна премиерот Мицкоски.

По однос на евроинтеграциите премиерот истакна дека не очекува никакви промени ако се знае она што го потпиша претходната влада и како што спореди “отровно засадено дрво отровни плодови дава“.

Сепак надеж во нашиот евроинтегративен пат гледа во предлогот на Франција и Германија за постепен прием на земјите од регионот и пристап до европските фондови. Мицкоски го изрази и незадолството што сме лидери во реформската агенда а за тоа дојде и потврда од ЕУ.

Јас тоа го разговарав и со канцеларот Мерц и со претседателот Макрон, јасно дефинирајќи што мислиме дека можеби да се додаде или одземе од тој нивен предлог, гледано од нашата оптика. Затоа што ако нивниот предлог е врзан со затворање кластери, ако имате Косово кое што не е ни кандидат, Босна и Херцеговина, Македонија која што почнала, а не почнала, ја имате Србија која што нема усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија и има некаква премолчена блокада и не може да отвара и да затвора кластери, тогаш не ја гледам целисходноста. Можеби е доволно да се најде некој друг механизам како Реформската агенда или Планот за раст, па на тој начин, практично да се дадат поттици и поддршка на земјите од Западен Балкан. Тоа беше мојот предлог што го дадов на тие билатерални средби и мислам дека предизвикав внимание. Ќе видиме сега дали тоа ќе биде операционализирано, но во секој случај, јас сум задоволен од тоа што се води сметка, односно се бараат конструктивни решенија во рамките на возможното на регионот да му се понуди европска перспектива, и тоа е добро, рече Мицкоски.

Мицкоски оцени дека, како што рече, „претходната влада, притисната од неуспехот да испорача дома, буквално беше во состојба бел лист хартија да потпишеме, мислејќи дека на тој начин ќе ја добие милоста да продолжи да биде влада. Очигледно дека таа стратегија не успеа и тие се сега опозиција и таму кај што се“.

Но сега проблемот ние го имаме, како и многу други проблеми кои што треба да ги решаваме. Нашиот пристап кој е? Ние велиме во ред, ние не можеме да го игнорираме слонот. Слонот е во собата, но ајде да видиме дали е ова последно. Вие велите ова е последно. Ако е тоа така, дајте тоа да го формализираме некако. Видете и тоа не е гаранција. Ние имавме пресуда од Европскиот суд на правдата во Хаг против нашиот јужен сосед, пресуда дека сме во право, па повторно не блокираа, кога дојде ред да се интегрираме во НАТО. Но е подобро од ништо, бидејќи секој заклучок ја добива поддршката институционално од сите земји членки, истакна Мицкоски.

Уставни измени

Во однос на уставните измени, Мицкоски истакна дека не може да се игнорира фактот што Бугарија ги игнорира пресудите на Европскиот суд за човекови права а од нас да се бара да ги внесеме Бугарите без никаква гаранција

 

Нашиот источен сосед вели вака: “Промената на Уставот е поради непочитување на човекови права. Со промената на Уставот ќе се зацврстат човековите права на бугарската заедница кај нас“. Ајде сега да го анализираме тоа. Прво, ние сме политичари. Ние не сме експерти за човекови права. Темата за човекови права ние можеме да ја злоупотребиме, затоа што не сме експерти. Второ, во Европа има институција каде што има експерти за човекови права. Таа институција е во Стразбур и се вика Суд за човекови права. Јас можам темата за човекови права да ја злоупотребам и политизирам, како и секој политичар, но оваа институција врз основа на факти, докази, меѓународното право, конвенции и така натаму носи пресуда. И тоа треба да се почитува, но за жал не се почитува, рече Мицкоски.

Тој потсети дека таа институција 14 пати до сега донела пресуда во којашто вели дека човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед се нарушени и нула пати за бугарската заедница кај нас.

Сега, ако резултатот на семафорот е 14:0, за кои човекови права и промена на Устав кај нас зборуваме? Нема логика. Ако има волја може, ама тоа не зависи од нас. Тоа треба сите 27 земји членки да донесат заклучок со кој што ќе го поништат претходниот заклучок. Дека тоа ќе се случи во присуство на високи претставници на бугарската влада, да видам, да не верувам. Тоа е невозможно. Но, кога зборуваме за стратегија и за процеси, тогаш мораме тие да ги гледаме холистички. Не може тоа да биде како шведска маса. Па сега мене ова ми се допаѓа, тоа не ми се допаѓа. Нашиот источен сосед има преземено обврски да ги почитува човековите права. Потпишал резолуција, ратификувал во парламент, што значи дека треба да ги обезбеди човековите права на македонската заедница, така што овие пресуди од Судот за човекови права во Стразбур ќе ги имплементира. Со други зборови, ќе им дозволи на припадниците на македонската заедница да се организираат културно, социолошки и општествено. Тие тоа не го прават. Зошто? Затоа што таа живковистичка политика, која што трае со децении, негаторска кон македонскиот идентитет, им внесува страв во коски, оцени Мицкоски.

 

Владеење на право

Oна каде премиерот признава дека не е задоволен е владењето на првавото и граѓаните со право забележуваат дека они кои треба да се најдат зад решетки се уште се на слобода

З жал се уште немаме владеење на правото, не сум задоволен од правосудството, очекувам расветлување на сите афери.Мојот став е дека систематски владеењето на правото е проблем во перцепцијата на граѓаните, затоа што во суштина и немаме владеење на правото, туку имаме мешетарење во правото, за жал.

Цена на горивата

Премиерот е задоволен што Македонија има најниска цена на горивата во регионот и оти е резулат на помалите акцизи во однос на земјите од опкружувањето. Тоа објасни дека ние едни од ретките што имале помали акцизи за дизелот отколку за безоловниот бензин и оти во иднина можеби треба да се размислува за корекција за да се дестимулира возењето на дизел.

Во Србија литар дизел е 1.85, 95-ка е 1,63, во Хрватска дизелот е од 1,59 до 1-85, безоловниот оди до 1,7 евра. Некој ќе каже добро ама платите. Ова се берзански цени и сите купуваме од неколку извори, трошоците се слични. Како е возможно Србија да има половина евро поскап дизел од нашиот.Тоа е една политика која можеби треба да се нивелира

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 120 македонски уметници ќе бидат дел од проектот за одбележување на 35 години независност на Македонија
Следна Статија (ВИДЕО) Искината ограда ги чувала волците што избегаа, Анима Мунди бара да се затвори Зоолошката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

SpaceX открива технички предизвик со Starlink кабел и презема проактивни чекори

Компанијата препознава проблем со водоотпорноста и реагира со бесплатни заменски кабели за купувачите на напреден PSU и Gen 3 Performance…

December 7, 2025
Blog

Како да побарате поврат на пари од settlement-от на Amazon Prime во вредност од 2,5 милијарди долари

Одредени претplatници на Amazon Prime можат да квалификуваат за исплата како дел од settlement-от на компанијата. Во 2023 година, Федералната…

November 23, 2025
Blog

(Видео) Трамп им вети „пекол“ на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател…

March 12, 2025
Blog

Нивните банани ја „покриваат“ Европа, а тие штрајкуваат веќе еден месец

Еден од најголемите извозници на банани во светот, компанијата Чикита, објави отпуштање на илјадници работници во Панама, по речиси еден…

May 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?