Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бројот на загинати во Венецуела се искачи на 920, речиси 50.000 лица се водат како исчезнати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Бројот на загинати во Венецуела се искачи на 920, речиси 50.000 лица се водат како исчезнати
СВЕТ

Бројот на загинати во Венецуела се искачи на 920, речиси 50.000 лица се водат како исчезнати

Објавено June 26, 2026 21:55
Сподели
Сподели

Бројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела продолжува да расте. Според најновите официјални информации, досега се потврдени 920 жртви, повеќе од 4.300 лица се повредени, а речиси 50.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати. Спасувачките екипи неуморно ги пребаруваат урнатините во обид да пронајдат преживеани. Според властите, од најтешко погодената крајбрежна област Ла Гуаира досега се спасени 243 лица, додека стотици објекти се целосно уништени или сериозно оштетени.

Претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, соопшти дека се оштетени најмалку 383 згради, меѓу кои 13 болници и 25 трговски центри. Дополнително, повеќе од 1.000 инфраструктурни објекти претрпеле различен степен на оштетување.

Меѓу најтрогателните приказни е онаа за жена која загинала додека со своето тело ја заштитувала својата ќерка при уривањето на зградата. Детето преживеало, а трагедијата предизвика силни реакции во јавноста. Во друга драматична спасувачка акција, жена родила под урнатините, по што таа и новороденчето биле извлечени од спасувачите. Жителите на погодените подрачја велат дека градовите изгледаат како воена зона. Илјадници луѓе ноќите ги минуваат на улиците, во шатори или на душеци поставени на отворено, стравувајќи да се вратат во оштетените домови поради опасност од нови потреси.

Владата започна проверки на сите оштетени објекти за да утврди дали се безбедни за живеење, додека Министерството за туризам врши проценка на штетите врз хотелите и туристичката инфраструктура. Во меѓувреме, Обединетите нации и меѓународните хуманитарни организации упатија апел за итна глобална помош, предупредувајќи дека кризата може дополнително да се продлабочи доколку погоденото население не добие брза хуманитарна поддршка.

Дополнителни контроверзии предизвика одлуката на градоначалникот на општината Кампо Елијас во државата Мерида, кој нареди единствено Цивилната заштита да биде надлежна за собирање и дистрибуција на хуманитарна помош. Во исто време, дел од граѓаните и политичките организации тврдат дека полицијата задржала камиони со донации наменети за настраданите

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Едно лице загина во сообраќајна несреќа на Плетвар
Следна Статија Медицинска сестра препорача (необични) трикови за ладење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Пекинг откажа 700 летови поради бури и силни ветрови

Кинеските власти денеска откажаа речиси 700 летови и ги затворија сите паркови и голем број историски локации во Пекинг, поради…

April 12, 2025
СВЕТ

(Видео) Социјалните мрежи преполни со поздравите на Маск

Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“, Илон Маск, удри во градите со десната рака и ја подигна во воздух…

January 21, 2025
СВЕТ

Бајден го предупреди Иран дека обидот за убиство на Трамп би бил чин на војна

Американскиот претседател Џо Бајден „тивко“ го задолжи својот Совет за национална безбедност (НСЦ) да го предупреди Иран дека САД ќе…

October 15, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец со криминално досие. Тој е…

April 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?