Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН
ПОЛИТИКА

Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН

Објавено June 29, 2026 13:48
Сподели
Сподели

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, на денешната прес-конференција упати остри критики кон коалицијата ВЛЕН, оценувајќи дека по две години учество во Владата не успеала да ги исполни ветувањата поврзани со европските интеграции и, како што рече, го претворила европскиот глас на Албанците во „ништо“.

Во рамки на серијалот „Две години понижување – ВЛЕН ништо“, Османи посочи дека најголемиот неуспех на ВЛЕН е токму застојот во евроинтегративниот процес.

Според него, ВЛЕН пред граѓаните ветила дека ќе донесе нова енергија, нова динамика и нов кредибилитет во Брисел, како и дека ќе го забрза патот на државата кон Европската Унија во првите шест месеци од владеењето.

„Две години подоцна, резултатите се разочарувачки. Државата нема направено ниту еден суштински чекор кон Европската Унија. Наместо забрзување – имаме стагнација, наместо реформи – импровизации, а наместо европска агенда – дневна политика“, изјави Османи.

Тој оцени дека државата не ја искористила во целост ниту можноста што ја нуди Планот за раст на Европската Унија и додаде дека, наместо да биде лидер во регионот во спроведувањето на реформите, денес се соочува со доцнења и недоволна реализација.

Османи се повика и на последниот извештај на Европскиот парламент, во кој, според него, се бара обновена политичка посветеност за продолжување на европскиот пат, целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и обезбедување на јазичната еднаквост.

„Кога Европскиот парламент е принуден да ги потсетува институциите да ги почитуваат веќе стекнатите права на Албанците, тогаш тоа е најсилниот доказ за неуспехот на ВЛЕН како политички претставник во Владата“, рече Османи.

Тој додаде дека европскиот глас на Албанците во Владата е сведен на „едно големо ништо“ и порача дека граѓаните ќе ја дадат својата оценка на следните избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пронајден мртов Марјан Јованов – Мане Левис во базен во неговиот дом
Следна Статија Македонија напредува со реформите- Литванија го поддржува патот кон ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Со Сашко СДСМ оди на победа во Крива Паланка

Претседателот на СДСМ Венко Филипче порача дека СДСМ оди на победа во Крива Паланка со градоначалникот и кандидат на СДСМ…

August 29, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Ветуваа скандинавски стандард, а денес храната стана луксуз

Што имаме ние од скандинавската среќа што премиерот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ сакаат да ни ја прикажат и да не…

October 13, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Во градот Скопје имаме сериозно стабилно советничко мнозинство

Кандидатот за градоаначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски кој оди во вториот круг денеска се сретна со советничкото…

October 22, 2025
ПОЛИТИКА

Mицкоски: Нашиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни блокади, поради што се доведува во прашање интегритетот на самиот процес

Денешната посета не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку и потврда на едно пријателство кое се градело со…

May 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?