Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија напредува со реформите- Литванија го поддржува патот кон ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија напредува со реформите- Литванија го поддржува патот кон ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Македонија напредува со реформите- Литванија го поддржува патот кон ЕУ

Објавено June 29, 2026 16:29
Сподели
Сподели

Моментот за проширување на Европската Унија е сега и треба да се искористи, порача министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во Скопје.

Будрис оцени дека постои јасна политичка волја за продолжување на процесот на проширување, но дека земјите-кандидати треба да ги исполнат преземените обврски, паралелно со надминување на политичките и билатералните предизвици.

– Ќе бидам многу јасен за ова. Ова е моментум што мора да се искористи. Сите разбираме дека проширувањето на ЕУ сега се води од геополитичка потреба. Главниот и огромен фактор зошто сме толку фокусирани е војната против Украина. Имаше пауза во процесот, постоеја суштински дискусии дали е потребно, дали сме подготвени или не, можеби ни е потребна институционална реформа во меѓувреме. Сега постои јасно геополитичко разбирање дека ни е потребно и дека мора да продолжиме – рече тој.

Во однос на проширувањето и актуелниот момент, Будрис посочи дека сегашниот геополитички момент, особено поради војната во Украина, создава јасна потреба и можност за забрзување на проширувањето на ЕУ, при што и покрај предизвиците и билатералните прашања, процесот треба да продолжи врз основа на заслуги со цел целосно членство.

– За да го надминеме тоа, мора да се држиме до пристапот заснован на заслуги. Тоа значи дека преку извештаите на Комисијата можеме да го мериме напредокот, и навистина ми е драго што кај Северна Македонија напредокот постои, тој е евидентиран во документите. Потоа, треба да го решиме она на што сме се обврзале и што сме си го ветиле едни на други и да продолжиме понатаму. Паралелно со тоа, тактички да ги решаваме сите други ситуации што ќе се појавуваат. Нема да биде лесен пат, но сега е моментот да се оди напред. И мора да завршиме со полно членство, а не со некакво стоење настрана и гледање низ прозорец – рече тој.

За прашањата околу позицијата на Македонија и потребата од конкретни чекори, тој посочи дека Македонија треба да го искористи моментот.

– Не можам да се сетам на време кога ова прашање било толку концентрирано и политички насочено кон овој регион, со вистинска намера да се продолжи напред. И како доказ за тоа, погледнете го напредокот што некои земји од регионот го постигнуваат сега. Затоа чувствувам дека постои голема потреба и вие да го искористите овој момент. Да бидеме реални, ако нема дополнителни чекори од двете страни, вклучително и од страна на Северна Македонија, можеме да изгубиме половина година или една година – посочи министерот.

Во однос на роковите за уставните измени, Будрис истакна дека одлуката е во рацете на државата

– Дали постои формален рок? Тоа зависи од вас. Никој не врши притисок врз вашата суверена национална одлука. Тоа зависи од вас, од вашето раководство и од вашиот народ да направат избор – потенцираше тој.

Одговарајќи на прашањата за можни гаранции за непостоење нови блокади, Будрис рече дека никој никому не може да даде гаранции кога станува збор за политички процеси.

– Да се има поддршка од мнозинството земји-членки, да се има поддршка за принципите на проширување и пристапот заснован на заслуги, тоа е суштината. Добивате онолку колку што сте направиле и она што веќе сме го договориле, што е содржано во условите и референтните рамки, ако така може да се каже. Заедно со поддршката од институциите, имаме сет на алатки и механизми за да продолжиме напред. Секако, никој не може да гарантира што може да се појави денес, утре или задутре. Исто така, можеби нема да бидеме веќе на функција тогаш. Но кога имаме однапред договорени правила, многу е полесно да се оди напред. Затоа би се држел до проширувањето засновано на правила, односно на заслуги, и би очекувал дека земјите што ги почитуваат тие правила и се заинтересирани за процесот ќе го завршат својот дел од работата – рече тој.

Продлабочувањето на политичките и економските односи, зајакнувањето на евро-атлантската соработка и силната поддршка за европската интеграција на Македонија биле во фокусот на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН
Следна Статија Горивата со нови цени: Пад на дизелот, раст на бензините

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

За Македоницте во Голо Брдо вистината била и е една, ние сме биле, сме и ќе бидеме горди Македонци

Вистината била и е една, независно од потребата на многумина кои сакале да ја избришат. Ние сме биле, сме и…

January 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таткото на Фросина: Правосудниот систем произведува неправди

Таткото на загинатата Фросина Кулакова денеска обвини дека правосудниот систем произведува неправди што длабоко ги погодува родителите и блиските на…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонската полиција доби нови теренски возила и специјализирана опрема од ЕУ

Министерството за внатрешни работи доби  возила и специјализирана опрема,  обезбедени во рамките на регионалниот ИПА-проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување…

June 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во борбата против малолетничката деликвенција, Тошковски, Ѓорѓиевски и Герасимовски во заедничка акција низ Скопје

Вчеравечер претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Центар, Горан…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?