Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Електронското гласање на дијаспората е антидемократско, смета СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Електронското гласање на дијаспората е антидемократско, смета СДСМ
ПОЛИТИКА

Електронското гласање на дијаспората е антидемократско, смета СДСМ

Објавено June 29, 2026 16:36
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата ќе го блокира носењето на измените на Изборниот законик оценувајќи дека предложените решенија не се во согласност со демократските и европските стандарди и оставаат простор за злоупотреби.

Една од забелешките на СДСМ е за предлогот за електронското гласање на дијаспората. Според Филипче, предложеното електронско гласање не предвидува доволни механизми за проверка на идентитетот на гласачите и, како што вели тој, отвора ризик од неконтролирано гласање и можни изборни манипулации.

„Прво се предлага електронско гласање на дијаспората. Тоа значи без никаква проверка на луѓе коишто не знаеме, наши иселеници каде се, кој ќе им го провери идентитетот. Едноставно пред компјутер ќе може да гласаат и тоа ќе има еднаква вредност како гласањето во татковината. Тоа отвора ризик за масовно и неконтролирано гласање, исто како што беше тоа за време на владите на Никола Груевски. Тоа е еден систем којшто е многу опасен, којшто отвора врата за изборна манипулација и кражба од страна на оваа власт“, изјави Филипче на прес-конференција на СДСМ.

Тој нагласи дека дополнителен проблем е тоа што овој предлог ќе се уредува со подзаконски акти наместо прецизно со закон, што според него, го зголемува ризикот од злоупотреба.

„Се укажува дека ова електронско гласање на дијаспората треба со подзаконски акти да го утврди Државната изборна комисија, а не како што е редот да биде тоа утврдено со закон што е уште еден аргумент во прилог на тоа дека станува збор за иницијатива којашто отвора врати за сериозна манипулација и стартна предност на власта од неколку пратеници уште пред гласањето практично се спроведе во државата“, изјави Филипче.

Филипче нагласи дека ваквиот предлог е показател на антидемократска власт чија цел е да обезбеди инструменти за влијание врз изборниот процес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Потрошувачка кошничка во државава е најевтина во Европа
Следна Статија Министерот за одбрана и синдикатите на разговор за новиот колективен договор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Максим Димитриевски поднесе кандидатура за нов мандат за градоначалник на општина Куманово

Актуелниот градоначалник на Куманово и претседател на Движење ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски денеска поднесе кандидатура до општинската…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ со ново предупредување: По Албанија и Косово, Македонија е следна дестинација во мигрантските планови на западните земји

СДСМ и денеска отвори прашањето за мигрантските договори за кои, според опозициската партија, деновиве известуваат повеќе европски и светски медиуми.…

December 10, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ го жртвуваше Скопје за да се пресметува со Арсовска, вели Шукова

Последниве четири години со ВМРО-ДПМНЕ на власт во Скопје видовме што значи хаос, неодговорност и целосно изолирање на интересите на…

August 24, 2025
ПОЛИТИКА

Влатко Ѓорчев: Секој денар од мојот имот има документирано потекло

За секој денар од мојата имотна состојба имам пријавено и документирано потекло на имот. Целосен увид во мојот имот имаа…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?