Црн чад денеска повторно се издигна над Скопје, откако во реонот на скопско Визбегово повторно е пријавен пожар, еден ден по големиот пожар што избувна во таа околина.
Според добиената пријава, станува збор за пожар на сува трева кој се шири во правец кон куќите, кај „Џиди Комерц“ во скопско Шуто Оризари.
„Преку Е-112 добиена пријава за пожар на сува трева, истиот се проширува кон куќите, кај Џиди Комерц, Шуто Оризари“, информираше ЦУК.
Првичните информации велат дека, наводно, гори ѓубре.
За случајот е известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
